Постојано именуван како еден од најбезбедните градови и градови со најквалитетен живот, веселиот Копенхаген има да му понуди многу нешта за истражување на софистицираниот патник : одржлива архитектура, соби во ренесансен замок и многу cozy места кои го отелотворуваат концептот на државата за благосостојба и задоволство: hygge
За вистински да се доживее концептот и да се впие магичниот шарм на главниот град на Данска, задолжително е да се посетат барем неколку кафетерии во градот. Кафе сцената во Копенхаген е ненормално голема како за еден релативно мал град во споредба со останатите европски градови. Во продолжение издвојуваме 5 cozy места каде може да уживате во вашето кафе.
1. The Coffee Collective
Омилениот на копенхагенци, The Coffee Collective, ги печат своите зрна кафе, што ги купуваат директно од фарми ширум светот, до совршенство. Во кафетеријата се служи и појадок, а можете да погледнете (и мириснете) како се пече кафето и да направите „cupping“, што е модерен начин на именување на дегустација на кафе.
2. COPENHAGEN COFFEE LAB
Кога сте на листата на готвачот Рене Реџепи за омилени места во Копенхаген , знаете дека правите нешто како што треба. „Lab“ (лабораторија) е вистински опис за ова место во кое владее атмосфера на возбуда од експериментирање. Copenhagen Coffee Lab е одличен избор за да уживате во вашето утринско или попладневно кафе.
3.Prolog
Иако изгледа како мала, скромна кафетерија, всушност е навистина посебно место. Местото порано било книжарница, а сопствениците продолжиле да изложуваат и продаваат книги, магазини и принтови. Но, она што би ве вратило назад е секако, кафето. Prolog сами го печат своето кафе. Можете да пробате најразлични варијанти на ладно кафе, а особено привлечно е кафето со печено мачмелоу кое можете сами да го печете на мини рингла за кампување.
4. CAFE DET VIDE HUS
Толку мало, што може и да не го забележите ако поминувате покрај него. Служат појадок, колачи и вкусно кафе кое го печат во соработка со The Coffee Collective. Во викенди редот е особено долг, па добро е да се стигне што порано.
5.Atelier September
Сместена во центарот на градот, оваа сончева кафетерија со огромни прозорци и светли бели ѕидови, совршено вклопена во околината, нуди пријатна атмосфера за пиење кафе и прекрасна храна во кој било период од денот.