1.Wonka (15. декември)
Базиран на извонредниот лик од Charlie and the chocolate factory, Wonka ја раскажува чудесната приказна за тоа како најголемиот светски магионичар и производител на чоколади, стана саканиот Вили Вонка што го знаеме денес.
2.Napoleon (22. ноември)
Joaquin Phoenix во улогата на францускиот император Наполеон Бонапарта и Vanessa Kirby како царицата Жосефина. Историската драма го прикажува доаѓањето на власт на Наполеон и неговиот обид за глобална моќ и доминација.
3.The boys in the boat (25. декември)
The Boys in the Boat спортска драма заснована на New York Times бестселерот на Daniel James Brown, според вистинска инспиративна приказна. Филмот, во режија на Џорџ Клуни, е приказна за веслачкиот тим на Универзитетот во Вашингтон од 1936 година, кој се натпреварува за злато на Летните олимписки игри во Берлин.
4.The Marvels (10.ноември)
Carol Danvers ги спојува нејзините моќи со оние на Khan и Monica Rambeau, принудувајќи ги да работат заедно за да го спасат универзумот.
5.The Ballad of Songbirds and Snakes (17. ноември)
Базиран на најпродаваниот роман-продолжение на Suzanne Collins и режиран од Francis Lawrence, кој ги режираше и претходните три филма од трилогијата The Hunger Games. Филмот ја следи приказната на Coriolanus Snow, кој не е ниту злонамерен, ниту жеден за моќ во споредба со неговиот лик во оригиналните The Hunger Games.