Фестивалот ќе се одржи од 17 до 23 август 2020 година, во Младинскиот Културен Центар во Скопје, ЦАЦ Монтажна Галерија и Музејот на современа уметност, а неговата петдневна програма ќе опфати изложби, разговори, работилница, концерти, диџеј сетови и проекции на филм.
На официјалното отворање на Фестивалот денес, 17 август во 21 часот, свое обраќање ќе има Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски. ПРВО ПА ЖЕНСКО е отворена платформа каде феминистичките вредности и дебати се водат со сите актери во општеството без исклучоци, сѐ со цел подобрување на состојбата на женските права и родовите политики.
Годинава, ПРВО ПА ЖЕНСКО започнува посветено да ја реализира својата зелена агенда и преку конкретни акции да го промовира прашањето за заштита на животната средина, кое е несомнено и феминистичко прашање, зашто родовата нееднаквост и глобалната неправедност произлегуваат од истиот систем кој ги експлоатира природата и нејзините ресурси, исто како што ги експлоатира и луѓето.
Целосната програма на фестивалот може да ја проследите овде.