„Волатајл“ е заеднички проект на Стефен Анат и Фактори Грл, производ на нивното ликовно академско образование и интерес во трансдисциплинарната мода и дизајн. Под силно влијание на не-естетиката во денешната мода, клупската култура и ЛГБТИ+ движењето, тие создадоа колекција на рачно изработени парчиња облека што наликуваат на подвижни уметнички објекти. Нивните облеки се небинарни, амбивалентни скулптурни штитови за телата, суптилен коментар за родот и ограничувањата на сексуалноста на ЛГБТИ+ популацијата. Со употребата на традиционални техники на кроење и занаетчиски монотиписки апликации на текстил „Волатајл“ е монохромен визуелен наратив што се движи меѓу уметноста и дизајнот.
Проектот е претставен пред публиката со виртуелно шоу, продуцирано од Ѓорѓи Десподов со музички избор од Ивана Драгшиќ. Ова видео е овозможено преку проектот „Млади активисти за промена (МАП)“, кој е финансиски поддржан од Министерството за надворешни работи на Кралството Холандија.
Видеото ќе може да го погледнете вечерва во 19 часот на нивната фејсбук страна.
- Мислењата и ставовите произнесени во видеото не мора задолжително да ги изразуваат официјалните ставови на донаторот ниту на спроведувачот.