Веќе 150 години брендот Shiseido е посветен на тоа да го открие најдоброто од науката заедно со најновата технологија за да ја покаже вашата надворешна и внатрешна убавина. Целта на брендот е да им го понуди најдоброто на клиентите во смисла на ефикасност и сигурност, вистински инспириран од природата и силно посветен да ја зачува околината. Денес, брендот ја слави вистинската убавина, убавината што ве прави полни со самодоверба, моќни и живи. Трите слога ши, сеи и до, што значат ресурси (ши), живот (сеи) и куќа (до), денес уште повеќе ја опишуваат групацијата основана во 1872 година од Аринобу Фукухара. Од првата јапонска фармација во округот Гинза во Токио, преку претставувањето на пастата за заби во Јапонија, до преку осум центри за истражување и развој низ светот и пионерски формули, науката на Shiseido секогаш давала уникатен пристап во истражувањата, правејќи „динамична хармонија“. Оваа филозофија се потпира на пет контрастни и комплементарни вредности: надвор и внатре, функционалност и јапонски квалитет, наука и креативност, премиум и одржливост, индивидуалност и универзалност.
Во Shiseido на кожата не се гледа како на посебен дел од телото, туку како контактна точка на телото со целиот надворешен свет. Поради тоа, фундаменталното истражување се фокусира на трите системи во човековото тело што влијаат на кожата. Имуниот систем: 25 години на истражување и развој на одбранбените клетки доведоа до создавање на технологијата ImuGeneration, која помага и ја поттикнува одбранбената функција на кожата. Нервниот систем: Невронауката, аромахологијата и сензорноста, како и 20-годишното истражување на нервниот систем и на кожата, резултираа со создавање на технологијата ReNeura, која ја подобрува кожата преку мноштвото производи против знаците на стареење. Васкуларниот систем: Микроциркулацијата што игра важна улога во нормалното функционирање на кожата, се намалува со текот на времето и под влијание на УВ-зраците. Ова е резултат на губењето на еластичноста, а концептот Lifeblood е создаден за да ја одржи виталноста на кожата, здравјето и младоста.
За да се прослават 150 години од пасијата и посветеноста, Shiseido открива три генерации на иконски производи, сите со оригинален дизајн создаден од Сју Јабе и сите симболизираат наследство, иновација во движење и иднина.
Еudermine едиција по повод 150 годишнината, со арабеска дизајн инспириран од стакленото шише од 1897 година, призматични бои и кутија направена од одржлива хартија за легендарниот лосиoн Shiseido Red Water.
Ultimune Power Infusing концентрат е иконско шише со најпродаваниот серум, сега со едиција за 150-годишнината. Овој серум има освоено над 200 награди во целиот свет и формулацијата со концептот Lifeblood ја прави кожата силна, многу поздрава и уште посвежа.
Ultimune Power Shot едиција за 150-годишнината е концентратот број еден за знаци против стареење. Изненадувачки лесен, брзо впивачки, овој серум е направен со технологијата ImuGeneration150TM и инфузиран со состојки со 15 пати повеќе концентрација.