MY:TIME, компаниjа со долга традиција во продажба, дистрибуциjа и сервисирање на високо квалитетни часовници и накит на повеќе од 25 светски познати брендови, со возбуда ја најавува Calvin Klein колекцијата Есен/Зима 2022 на часовници и накит. За да го лансира брендот и да ја претстави колекцијата во регионот, MY:TIME беше домаќин на настан во Ботаника Урбана Кафана, во Скопје.
На овој прекрасен настан бевме поканети за да му посакаме добредојде на брендот пред нашата публика исите кои со страст сакаат да го истакнат својот карактер преку парче накит или часовник од Calvin Klein.
Колекцијата на висококвалитетни часовници и накит е создадена имајќи го на ум модерниот клиент, со безвременски, минималистички дизајн кој ја истакнува светски препознатливата естетика на Calvin Klein и ја црпи реномираната сензуална ДНК на брендот. Колекцијата вклучува избор на машки и женски часовници со скулпторски, архитектонски форми во метални завршетоци. Покрај часовниците, во колекцијата се издвојуваат и машки нараквици кои интегрираат кожа и метални текстури, како и женски модели на накит со течни, органски форми кои можат да се комбинираат за да се искрира смел и уникатен изглед.
MY:TIME е компанија со семејна традиција од 1920-та година за продажба, дистрибуција и сервисирање на високо квалитетни часовници и накит. Ексклузивни застапници и дистрибутери за часовници и накит од брендовите: Calvin Klein, Tommy Hilfiger, BOSS, Emporio Armani, Lacoste, Fossil, Skagen, Michael Kors, Maserati, Diesel, Casio, Casio Vintage, G-Shock, Edifice, Jacques Lemans, Just Cavalli, Cerruti 1881, Zeppelin, Police, Brosway, Guess, Sector No Limits, Morellato, Rosefield, Swiss Military Hanowa…