Факт е дека Netflix периодов стана дел од нашето секојдневие, а нуди голема разновидност на серии и документарци. Ако веќе изгледавте сè популарно и не знаете која следна серија да ја почнете, а сакате нешто поинакво (да не е од американска или британска продукција) ви даваме топ предлози. И не, La Casa De Papel не е меѓу нив 🙂
OCCUPIED
Држава: Норвешка
Политички трилер за земја во која грижата за животната средина е на високо ниво, па затоа и направиле серија токму по тоа прашање. Во не толку далечна иднина, на власт во Норвешка се „зелените“ кои одлучуваат целосно да го прекинат производството на фосилни горива. Иако Норвежаните се согласуваат со оваа одлука, другиот дел од светот не е баш одушевен. Кога нема веќе нафта, ЕУ и дава согласност на Русија да направи мала инвазија на Норвешка и така почнуваат геополитичките игри.
3 %
Држава: Бразил
Дистопија во која неколку млади херои и хероини од осиромашениот „Inland” се обидуваат да дојдат до митската утопија која се вика „The Offshore“. Од сите кандидати што се пријавуваат да го поминат „Процесот“ за влез во утопијата, само 3 проценти успеваат. Серијата потсетува на Hunger Games, но бидејќи сиромаштијата не е непозната за дел од популацијата на денешен Бразил, дава поинаков филинг од американските продукции.
HIBANA
Држава: Јапонија
Приказна за животот на двајца комичари, адаптација на романот „Хибана“, односно за комичар кој е ментор на еден помлад потенцијален manzai артист. Manzai е јапонска верзија на комедија со двајца учесници. Иако концептот за живот на комичари е добропознат, сепак, јапонското опкржување дава нова искра во овој жанр, а инструкциите што искусниот комичар му ги дава на својот ученик се навистина многу интересни.
RITA
Држава: Данска
Учителката Рита е „too cool for school” па затоа и нетипично (и за многумина неадекватно) се однесува со своите ученици и ја води наставата на невообичаен начин, иако навистина се грижи за нив. Комедија која иако има веќе видени сплетки и драми сепак приватниот живот на учителката како и однесувањето на работа се претставени доста хумористично.
BABYLON BERLIN
Држава: Германија
Детективот Фолкер Брух е префрлен во германскиот главен град да ја истражува мистеријата која произлегува од уцена за еден порнографски филм. Дејството се одвива во дваесеттите години кога етичкиот и сексуалниот морал во Германија бил лабилен, а серијата е најскапата германска телевизиска продукција. Дури и историчарите ја поздравуваат точната прецизност за тоа како се прикажани дваесеттите во Германија. Комунисти, џез пејачи, ерменски мафијашки босови и многу повеќе се дел од ерата пред да почне најлошиот период во човечката историја.
CABLE GIRLS
Држава: Шпанија
Освежувачка алтернатива на трендот на сапуници во кои најчесто главните улоги се многу богати луѓе. Приказната следи четири жени кои работат како телефонски оператори во доцните дваесетти во Шпанија. Работата им дава пристојна заработувачка и одредена независнот за тој период. Сите четири имаат различни лични животни приказни, а сепак стануваат блиски другарки. Серијата всушност ги претставува тешкотиите на жените кои работеле во тоа време и нивните скратени права во машкото општество.
DARK
Држава: Германија
Научно-фантастична серија која целосно го заслужува насловот. Шетања низ густи шуми, тензични разговори, интриги и не толку пријатна историја, тинејџери и патување низ времето во мало гратче во Германија, е сè што е потребно за трилер што ќе ве држи напнати. Разговорите и ликовите се типично „германски“, како и да го толкувате тоа, но драмата која се развива помеѓу нив е далеку помрачна од тоа што го замислувате.
BORDERTOWN
Држава: Финска
Кари Сорјонен е детектив кој одлучува да се пресели заедно со семејството во мал град на финско-руската граница, што и не е баш толку мирен колку што се надева Кари. Секс-трговци, дилери на дрога и останати криминалци постојано поминуваат низ градот, а оставено е на детективот да ја средува кашата што ќе ја направат. Интересно е што серијата го опфаќа и психолошкиот товар на главниот лик и неговиот однос со фамилијата како и вечната борба околу тоа кога е време да се спушти значката.
SUBURRA: BLOOD ON ROME
Држава: Италија
Ако сте љубители на криминални мафијашки драми, но не околу дрога или пари, тогаш оваа серија е вистински избор за вас. Мала група на новопечени криминалци прават план околу тоа да станат сопственици на имот и да се етаблираат во подземните кругови. Антихероите сепак откриваат дека не е толку едноставно да си земјопоседник во Италија и дека игрите се далеку позамрсени отколку што мислеле.
LA MANTE
Држава: Франција
Кога во Париз се појавува копија на познат сериски убиец, „La Mante“, кој ја тероризирал земјата пред 25 години, Жан Дебер односно самиот „La Mante“ ја нуди својата експертиза на полицијата за да го фатат новиот убиец. Ставена во изолирана затворска ќелија по нејзиното апсење Жан има еден услов за да помогне, да работи само со нејзиниот отуѓен син, детективот Демиен Керот. Да, веќе сме заинтригирани од текот на оваа француска верзија на брканица помеѓу мачка и глушец.