Прва асоцијација на летен дезен е т.н. морнарска шара со бели, сини и црвени детали. Но, и најкористена, па токму затоа побаравме инспирација во друга комбинација на бои. Сината повторно, но со топли жолти нијанси како освежување во летните месеци.
Жолт детаљ
Ако бојадисувањето на цел ѕид во жолта боја ви е премногу голем чекор, обојте само еден радијатор во оваа нијанса.
Свежина во кујната
Кујната ќе добие летен изглед со еден стилски стол во жолта боја и додатоци во сино-бели нијанси.
Плочки во боја
Сино-жолтите плочки во тоалетот совршено ќе се надополнат со жолти нијанси во преостанатиот декор – задната страна од вратата, мала светилка, рамка за огледало и слично.
Сончева спална соба
Добро е спалната соба да биде светла – темните бои визуелно ќе го затворат просторот. Сепак, додадете боја со комбинирање на сино-жолти тонови преку перниците и покривката.
Перници во весели бои
Детската соба е очекувано да биде декорирана во весели и воочливи бои, па овие две нијанси се одличен избор за создавање на креативно место за најмалите.
Врата во боја
Уште еден предлог како да внесете боја без големо преуредување – жолтата во форма на геометриска лепенка за врата, а сината во фотелја или кауч.