Сезоната на тиква веќе започна, а вкусот и мирисот се неодоливи. Овој пат фитнес инструкторката Елена Бубало направи здрави мафини со тиква, заедно со нашите соработници Food Bar и Olympus. Лесни за подготовка и многу вкусни овие мафини ги содржат сите нутритивни состојки.
Состојки:
1/3 шолја растопено кокосово масло
1/3 шолја јаворов сируп
2 јајца
2 шолји испасирана варена тиква од Food Bar
1 лажичка цимет
1/2 лажичка ѓумбир
малку сол
1 лажичка сода бикарбона
1 лажица ванила екстракт
1 шолја мелен овес (овесно брашно)
1 шолја крупни овесни снегулки
1 грчки јогурт Olympus
Подготовка:
Измешајте ги сите состојки, наполнете ги калапите за мафини (излегуваат околу 12 мафини) и печете 40 минути на 170 Целзиусови степени.
Уживајте во вкусот!