Со особено задоволство ви ја најавуваме нашата нова соработка со Olympus и Food bar, брендови што нудат здрави и свежи производи, кои можат да се комбинираат во лесни и едноставни рецепти. Како дел од оваа соработка, фитнес инструкторката Елена Бубало, секоја среда ќе приготвува предлог оброк, кој ќе ви овозможува во секое време да се храните здраво и да се грижите за себе.
Пројата е едноставна и брза за подготовка и e еден од омилените оброци. Во оваа проја протеините доаѓаат од Olympus фета сирењето, а е богата и со железо и витамини од бејби спанаќот на Food Bar.
Состојки:
1 шолја овесно брашно
1 шолја пченкарно брашно
400 мл кисело млеко
250 гр рендано фета сирење од Olympus
1 цела кеса бејби спанаќ од Food Bar
1 лажичка сода бикарбона
6 јајца
Куркума и малку маслиново масло
Подготовка:
Сите состојки се мешаат во длабок сад и смесата се истура во тавче обложено со хартија за печење. Врз смесата се ставаат семки од тиква и сончоглед и се пече на 40 минути на 180 Целзиусови степени.
Уживајте во вкусот!