Продолжува месецот на посни, здрави и празнични рецепти со Cooking with Branko и Foodbar. Ви сервираме здрав, вкусен и посен рецепт кој ќе стане омилен на целото семејство. Овој пат, здравите залчиња се зачинети со Foodbar беби спанаќ.
Потребни состојки:
- Едно пакетче безглутенска паста
- Eдно пакетче Foodbar беби спанаќ
- 200гр. индиски ореви
- 80 мл. маслиново масло
- Семки од тиква и сончоглед
- Едно мало чешне лук
- Половина лажичка сол
- Малку бибер
- Малку вода
Начин на подготовка:
Во тенџере додадете еден литар вода, неколку капки маслиново масло и сол. Оставете ја водата да зоврие, а потоа додадете ја безглутенската паста и гответе околу 10 минути.
Во загреано тавче, додадете ги индиските ореви и печете околу 5 до 10 минути. Оставете да изладат неколку минути.
Во блендер додадете ги индиските ореви, Foodbar беби спанаќ, 50мл. маслиново масло, едно мало чешне лук, сол, бибер и малку вода. Блендирајте додека не добиете хомогена густа крем смеса.
Сервирајте ја безглутенската паста со кремот од Foodbar беби спанаќ и индиски орев.
Додадете семки од тиква и сончоглед.