Македонскиот моден бренд „Darsky“ неколку години напорно работи да изгради препознатлив имиџ, но и да стане синоним за квалитет и успешност. За новитетите и идните планови ние поразговаравме со Александар Томески, основач и главен дизајнер на брендот.
Неодамна ја лансиравте вашата нова колекција „Very Berry“ која изобилува со прекрасни парчиња и модели. Што беше ваша инспирација за создавањето на оваа колекција?
Ме инспирира сè околу мене. Модерните жени ме инспирираат и ме бодрат да создавам колекции за нив и за светот во кој живеат. Darsky e млад, едуциран, амбициозен, обучен и пред сè професионален тим, анализирајќи го начинот на живот на жените, пред точно три години го започнавме овој бренд за жени и девојки… Нашата цел e да ја разбиеме монотонијата на стилот на жената, и да понудиме различен избор на модни парчиња, за различни пригоди.
Вашето семејство негува успешна модна приказна на која се приклучивте и вие со вашиот бренд „Darsky“. Кои се главните карактеристики на брендот и во кој правец сакате да го развивате?
Роден сум во семејство каде креативноста и модната вештина e сè. Традиција на кројот, обликот и квалитетот беа дел од мојот живот уште од првите сеќавања.
Тоа е стратегија од 18 години која досега функционира неверојатно добро. „Darsky“ e мој бренд и мое семејство во кое се смееме, работиме напорно, но и се караме и смируваме, се со цел да дадеме максимум. Нашите специјални креации, предходно осмислени, се изработени од материјали кои ги избираме со големо внимание. Важно ни е да имаат висок квалитет и да и ја дадат на жената посакуваната удобност при носењето, а секако и очекуваната леснотија при одржувањето. Дизајнирани се со голема доза на внимание и направени се да зборуваат за женската моќ, елеганција, луксуз и да направат жените да се чувствуваат посебно, како што заслужуваат.
Што е следно, кои се идните планови и цели на вашата компанија?
Иднината е предизвик и постојано размислуваме за тоа што ќе следи. „Darsky“ ќе има нова моќ, нови колекции и уште посилен глас и слика која ќе се проектира низ целиот свет.