,,Инспирација за Versace Eros Energy пронајдов во убавината на италијанското крајбрежје, што го одзема здивот. Тоа е место каде копното се сретнува со морето во страсна прегратка, исто како и самиот бог Ерос.Кога го создавав Versace Eros Energy имав цел да ја доловам суштината на крајбрежниот рај, инфузирајќи ја со неодоливата привлечност на Eros Pillar. Тоа е парфем што ја отелотворува суштината на желбата, свежи бранови од цитрус и бел амбер што ќе направат да се чувствувате моќно, секси и несомнено радосно, останувајќи верни на привлечноста на Eros.”
Jordi Fernandez
Инспириран од совршенствара во природата и носен од идејата да ја долови нејзината комплекса убавина, Jordi Fernandez создава уникатни, моќни и долготрајни парфеми. Versace Eros Energy е парфем што пркоси на границата на свежина и елеганција и ја отелотворува привлечноста на страсно срце, поканува да ја истражите вашата дива страна, ослободувајќи ја внатрешната страст.
Горни ноти: Лимон, грејпфрут, нане
Срцеви ноти: црн пипер, здравец, кедар
Основни ноти: амбер, ванила
Храбра комбинација на цитруси и ароматични билки што создава вистинско незаборавно патување наза сетилата. Парфем што зрачи со доверба, страст и допир на бунт. Идеален за специјални прилики, вечерни состаноци или за секаде кадешто сакате да оставите впечаток. Со неговата моќна и волшебна арома, Versace Eros Energy е совршен избор за мажи кои се одликуваат со самодоверба и авантура. Versace Eros Energy не е само парфем, тој е сетилно искуство.