Сите ние имаме право на здрава животна средина, во која ќе живееме поквалитетно, подобро и посреќно, а тоа можеме многу едноставно да го постигнеме доколку воведеме здрави, одржливи и паметни навики. Една од работите што можеме да ги направиме е да ја подигнеме свеста преку конкретни активности. Загадувањето на воздухот од согорувањето на горивата во транспортот, индустријата и домаќинствата, но и климатските промени имаат главна улога во влошувањето на квалитетот на животот и загрозување на животната средина.
Со развојот на науката и технологијата во сферата на транспортот, се направија паметни чекори кои во последниве години го променија пристапот. Светот се сврти кон нови, модерни и зелени навики што за 10 години отсега се очекува да направат суштинска разлика и да ја подобрат досегашната состојба која зависи исклучиво од сите нас.
Во делот на автомобилската индустрија, забрзано почнува да се практикува користењето на е-автомобили како „смарт“ политика за заштита на животната средина и грижа кон населението. Со производството на возила на електричен погон се тргна кон зелена трансформација на светскиот транспорт, којшто е сѐ повеќе присутен и во Македонија.
Користењето е-автомобили има бројни придобивки за разлика од традиционалните возила. Овој тип возила се помудар избор за животната средина затоа што не испуштаат штетни материи кои се опасни по здравјето на луѓето и природата. „Зелените“ автомобили се економични и лесни за одржување, што укажува на фактот дека можете да патувате подалеку за помалку пари. Огромна предност е тоа што трошоците за сервисирање се многу пониски во однос на традиционалните возила, со што имате можност да ја искористите заштедата во буџетот по ваша желба. Ваквата напредна и иновативна технологија овозможува тивко возење и уживање при секое движење без разлика дали возите во урбана или рурална средина каде френвенцијата е генерално помала.
Кога станува збор за полнењето на батеријата кај автомобилот, не грижете се. Постои можност тоа да го направите дома или на некоја од станиците за полнење позиционирани на повеќе локации низ градот или на автопатите. Но, доколку се одлучите да купите електричен автомобил од Олимпиа Моторс Аутлет нема да плаќате струја во првите три години до поминати 100 илјади километри. Ова е супер-кул понуда од ОМО што не смеете да ја пропуштите!
Покрај ова, за секое купено е-возило од моделите „Tesla Model 3 Long Range Dual Motor All-Wheel Drive 75KWh“, „Fiat 500e France Edition 42KWh“, „MG ZS-EV Comfort 45kw“, „Opel Corsa-e Edition 50KWh“, „Opel Mokka e Elegance 50KWh“ и „Opel Mokka e Edition 50KWh“ во рамки на кампањата „Е-навики со многу придобивки“ ќе добиете и гаранција за возилото и гратис полнач Wallbox.
Олимпиа Моторс Аутлет нуди најдобар квалитет на возила со еколошки и технолошки стандарди по пристапни цени и бројни поволности за купувачите.
Повеќе информации за кампањата, може да најдете на следниот линк.