Во сите препораки на најголемите здравствени организации, редовната физичка активност е базична препорака, неопходна за превенција од многу хронични болести, како срцеви заболувања, дијабетис, висок притисок и сл. Кога зборуваме за физичка активност често се осврнуваме на какви вежби и со која динамика, треба да практикуваме, а занемаруваме каква исхрана и суплементација треба да внесуваме за да се задоволат потребите при редовна физичка активност. Во однос на избалансирана исхрана, треба да внесуваме доволна количина протеини, јаглехидрати и моно-незаситени масти, но и доволна количина на витамини и минерали.
Витамини и минерали потребни при редовна физичка активност
Витамин Ц
Покрај тоа што е силен антиоксиданс и го зајакнува имуниот систем, витаминот Ц директно влијае и на здравјето на коските, ја зајакнува мускулната маса и придонесува да се зголеми моќта на опоравувањето на мускулите по напорен тренинг. Витаминот Ц игра значајна улога во формирање на колагенот, кој пак е примарна состојка за врзување на ткивата, што го прави витаминот Ц суштинска компонента во заштита на коските и мускулите од повреди. Нашето тело не е во состојба само да го произведува овој витамин, затоа ви ги предлагаме Аскорвита макс, обложени таблети 1000мг. Овие таблетисе со модифициран систем на ослободување- MRS што овозможува ослободување на витамин Ц во тек подолг временски период.
Витамин Д
Овој витамин често го забораваме, а многу лесно може да биде дефицитарен во нашето тело. Овој витамин многу значаен за имунолошкиот систем, ја зголемува мускулната сила и перформансите во текот на вежбањето. Овој витамин е многу важен за луѓето што се занимаваат со спорт и неговиот недостаток може да предизвика хронични мускулни болки, како и ризик од повреди на коските. Овој витамин му помага на телото да го апсорбира калциумот, кој пак е минерал клучен за одржување на јаки и здрави коски. Наш предлог се таблетите Детрикал 2000, кои се најдобро дополнување на дневните потреби од овој витамин.
Магнезиум и калиум
Улогата на магнезиумот е благосостојбата на организмот е огромна, особено што тој директно влијае на анаеробното и аеробното производство на енергија, во метаболизмот на АTP кој претставува столб, наречен депо на енергија, односно придонесува за ефикасно создавње енергија. Важно е да се напомене дека и минимален дефицит на магнезиум може да има влијание на перформансите и моќта за регенерација на мускулите по тренинг. Тој придонесува на влегувањето на глукоза во клетките, која брзо ја елиминира млечната киселина и ги прави мускулите подготвени за нова физичка активност. Наш предлог се таблетите Стопгрч, како комплeксен препарат на магнезиум (Mg+B6+K). Оваа комбинација го намалуваат заморот и исцрпеноста и ги заштитуваат клетките од оксидативен стрес. Витаминот В6 допринесува за нормално функционирање на нервниот систем, правилно работење на мускулите, произвоство на хормоните адреналин и допамин, електролитна рамнотежа во телото, како и многу други важни процеси се одвиваат непречено со помош на овој значаен витамин.
Железо
Луѓето кои се физички активни имаат зголемена потреба за енергија и кислород, затоа што со секоја мускулна контракција телото создава и троши енергија. Железото е неопходен за синтеза ба хемоглобинот кој е главен носач на кислородот до клетките. Кислородот и е неопходен на секоја клетка за непречено да се одвива клеточното дишење и ослободување на енергија која ја користи нашето тело за функционирање. За апсорбција на железото од цревата неопходно е да се прима во комбинација со витамин Ц.