Заедно со Indola ви ги претставуваме сезонските трендови за коса од новата Street Style колекција.
Indola е професионален германски бренд за коса и нивното мото е #SimplySmarter. Иновативност и креативност се нивните главни карактеристики.
Indola e бренд кој е инспириран од уличната мода, од луѓето, од градскиот дух. Бренд кој ќе те мотивира и поттикне да го покажеш твоето вистинско ЈАС! Бренд кој се стреми кон квалитетни производи за коса, но и воедно поставува трендови, особено кај младите.
Street Style колекција пролет/лето 2021
Низ овој едиторијал визуелно ќе ви ги претставиме трите иконски изгледи за оваа сезона: Effortless Blonde, Tousled Bronde и Mullet.
The Effortless Blonde
Kласична русокоса со модерен зачин. Овој изглед е постигнат благодарение на техника на боење која вклучува една посветла и една потемна нијанса на боја ѝ дава невидена игривост на прамените на косата. Одличен изглед за сите кои сакаат да бидат кул русокоси.
The Tousled Bronde
Топла мешавина од деликатни нијанси на лешник, совршени за да додадете текстура со меки слоеви при шишање и да добиете изглед од 70-тите. Стајлингот ја истакнува шик палетата на бои, со лесни бранови за релаксиран изглед.
Mullet Hairstyle
Мулет е фризура која е кратка однапред, но долга одзади. Фризурата за прв пат ја носел францускиот моден гуру, Анри Молет, во раните 70-ти. Овој тренд стана сè поизразен во 2020, а веќе во 2021 се искачи на највисокото место за тренди фризури во светот.
Во прилог погледнете го и видеото.
Продукција: Портрет магазин
Креативен тим од Indola: Александра Трпеска, Миле Ќумуров, Јовица Ѓоргиевски, Бобан Тодоровски
Модели: Давид Даниловски, Теодора Димовска, Метин Емини, Јована Здравковска Николина Павловска.