Јапонските фанови на серијата Stranger Things станаа редовни посетители на поп-кафулето инспирирано од популарната хорор драма на Нетфликс. Ентериерот на кафулето кое се наоѓа во реонот Шибијуа во Токио има реплики од продавниците и сцените од самата серија во замислениот американски град Хокинс во Индијана како и од подземниот свет кои протагонистите во серијата го викаат Upside down.
Посетителите можат да се сликаат со демогоргон, да јадат демонска паста инспирирана од главата на чудовиштата или да ги пробаат вафлите што се омилени на девојката со супермоќи, Ел. Музиката е од осумдесетите години од саундракот на серијата. Поради ризикот од Ковид 19, што се шири забрзано во Јапонија, дозволени се само 20 гости на час, со резервација. Од таа причина гостите резервираат неколку дена однапред за да можат да го посетат кафулето.
Токио има долга традиција на тематски ресторани и кафулиња, меѓу кои и нинџа келнери и храна инспирирана од вампири. Но како и сите бизниси ориентирани кон туризмот, секторот е погоден од пандемијата. The Lockup, ланец на опседнати затворски ресторани, ја затвори последната своја локација минатиот месец после 23 години, исто како и Robot ресторанот, музички и танцувачки спектакл во зоната на црвените светла во Кабукио, затворен во март 2020 година.