Популарната македонска пејачка Тамара Тодевска ги избриша сите објави од својот Instagram профил, потег кој веднаш предизвика внимание кај нејзините фанови и јавноста.
Денеска, таа објави краток тизер Reel на својот официјален профил, во кој преку еден стих порачува:
„На светот му треба кукла жива… 03.10.2026 година“
https://www.instagram.com/reel/DXJe0o3CMNN/?igsh=MTczZzFzMWJteTFqNw==
Овој мистериозен видео тизер отвора повеќе прашања – што точно подготвува Тамара и што ќе се случува на 3 октомври?
Дали станува збор за нов музички проект, албум или можеби голем концерт, останува да видиме во наредните денови.
Едно е сигурно: Тамара Тодевска повторно го привлекува вниманието со внимателно осмислена најава која ветува нешто поинакво.
Повеќе информации се очекуваат наскоро.

