Мојот стил е … casual, sporty, and technical with a touch of femininity. Најчесто носам црно но знам да откачам со некоја луда стејтмент боја.
Немам храброст за… да си направам mullet, веќе подолго време ми е желба ама сѐ уште не сум се осмелила. Maybe now is the time.
Посакувам да има повеќе … повеќе од оваа пролет, сè уште не можам да се соочам со фактот дека омиленото годишно време го поминувам дома наместо по паркови, планини, патувања. Сепак, се надевам дека оваа ситуација ќе не научи на нешто добро и дека во иднина ќе уживаме и ќе го цениме секој даден момент.
Последно си купив… толку време има поминато што не се ни сеќавам ама најверојатно тоа беа црните топуци… кои штооо беа импулсивен buy, се учам да го контролирам тоа. 😉 Упс.
Најмногу лајкам слики од… сѐ што ќе ми го одвлече вниманието на feed, во последно време најчесто тоа е www.instagram.com/fatannawintour/ на Инстаграм.
Во моментов на мојата шопинг листа е… кратко и јасно – нови максици.
А на мојата плеј листа… не можам да издвојам па затоа: https://soundcloud.com/1101020i/likes enjoy!
Би сакала да имам… можност да избегам од ова секојдневие и да си ги посетам пријателите во Берлин, бар на еден викенд.
Најубавото парче облека на светот е… сeкое можно парче од Heliot Emil.