Легендата на уличната мода Nigo, повторно соработува со Adidas Orginals, овојпат преку брендот Human Made за Superstar 80s.
Superstar од Adidas претставуваат повеќе од патика. Легендарните Superstar се интегрален дел од поп културата откако станаа заштитен знак на Run DMC и Beastie Boys во осумдесеттите и деведесеттите, а и денес се популарни помеѓу новата генерација на фанови на Adidas.
Изминативе години претрпеа голем број трансформации и реимагинации од познати артисти, а сега и креативецот Nigo, основач на A Bathing Ape и Human Made, на 16 април ја претстави новата колекција со неговиот заштитен знак. Долгогодишниот соработник на Adidas вели дека пораснал со овие патики и се дел од неговите корени, а првиот пар го купил на 16 години.
Патиките се во класичните три нијанси, бели со црни линии, црни со бели линии и целосно бели. Сите го содржат потписот на јапонскиот бренд, црвеното срце на задниот дел на патиката, кај петата. Фразата Gears For Futuristic Teenagers (Опрема за футуристички тинејџери) се наоѓа на самите три линии. Глобално ќе бидат достапни од 24 април, а соработката ја има на следнава веб страница: https://humanmade.jp/