Дејството на филмот Stardust се одвива во 1971 година додека Bowie го создавал своето алтер его Ziggy Stardust.
Филмот е режиран од Gabriel Range, а David Bowie го глуми Johnny Flynn. Филмот не е биографски, туку се концентрира на специфичен момент во животот на Bowie, односно неговото прво патување во САД во 1971 година и ги потенцира инспирациите и вистинските настани што го поттикнале раѓањето на неговото алтер его Ziggy Stardust.
Видеото што беше објавено пред неколку дена е сцена помеѓу Bowie и неговиот издавач од Mercury Records, Ron Oberman (Marc Maron). Bowie разговара со Oberman за неговите сомнежи дека албумот The Man Who Sold the World нема да се продава добро во САД.
„Мислам дека ќе бидеш најголемата ѕвезда во Америка. Само што никој не знае како да те продаде“, му одговара Oberman.
Режисерот Gabriel Range неодамна за Stardust изјави дека сакал да направи филм за тоа како некој станува уметник, односно што го тера да создава уметност.
„Тој некој е David Bowie, човекот што го поистоветуваме со ѕвездата што стана или со некое од неговите алтер ега: Ziggy Stardust, Aladdin Zane, The Thin White Duke. Некој што сум го набљудувал од голема дистанца, позади маска, како божествена или вонземска појава. Дури и преку неговата смрт, тој не делуваше како вообичаено човечко суштество“, изјави Range.
Премиерата на Stardust требаше да биде неделава на филмскиот фестивал Tribeca, но фестивалот се одложи поради корона вирусот. Филмот го следи контроверзност уште пред да почне да се снима, не е одобрен од одговорните за неговото наследство и најверојатно нема да има ништо од неговата музика.
Во прилог погледнете го видеото.