Аника има 24 години и за себе вели дека нејзиниот стил воглавно е фокусиран на улична мода, пропратена со уникатни детали. Во изминатиот период ги надградува своите вештини со тоа што активно учи да шие. Последниот нејзин проект „Перениал” е одлика на нејзината автентичност и го зацврстува нејзиниот личен израз и стил. „Перeниал“ е колекција создадена од рекреирање на веќе постоечки машки палта, трансформирани во супер модерни комплети.
„Сметам дека интернетот ги шири нашите гледишта, но колку и што го гледам во позитивно, толку и негативно каде што колку инспирира толку и влијае на развивање на личниот печат. За жал, почесто се случува репетитивност отколку уникатност“