Ангела е 24 годишна девојка која за себе вели дека естетиката е дел од нејзината личност, состојба на минатото и новото, патување низ времето и живеење во сегашноста. За неа стилот претставува многу важен фактор за самопронаоѓање, најмногу сака да се чувствува удобно и чисто, а во исто време впечатливо, сака да изгледа своја и ненаметлива.
„Вљубена сум во винтиџ парчиња облека и фризури, Одри Хепберн ми е водилка и вечна инспирација. Ме инспирира сè што ми остава визуелен впечаток за којшто сум најчесто несвесна, но природно се манифестира во тоа што го носам“, вели Ангела.