Кога мислите на италијанска мода, веројатно првата мисла е класичен, елегантен изглед со добро изразени силуети и безвременски стил. Но, модната недела во Милано покажа едно ново лице, бунтовно и прогресивно, во најголем дел инспирирано од Y2K “гламур”.
Освен стилот на посетителите, овој дух го задржаа и самите учесници, со колекции што се прилично револуционерни, како онаа на CORMIO и колекцијата на Karoline Vitto која ги помести границите за присуство на curvy модели на модните писти.
Фотографиите направени од уличната мода и посетителите на модната недела се направени од страна на Jamie maree Shipton, кој својот препознатлив стил на фотографирање го искористил и овој пат,