Се будиш во романтичен хотел што се наоѓа во градот на безвременската убавина, со широка насмевка на лицето и огромна возбуда за авантурата што ќе ја доживееш претстојниот ден. Удобно се сместуваш на терасата, воодушевувајќи се од погледот во кој е исцртана Ајфеловата кула и со сласт уживаш во извонредниот вкус на францускиот кроасан и топол напиток. Какво совршено утро!
Се упатуваш кон бањата да го почнеш овој волшебен ден со топол туш. Повторно го насочуваш погледот кон балконот, ја местиш облеката што совршено ќе ти прилега за да чекориш по француските улици и го земаш несесерот полн со шминки Bourjois за да ја истакнеш твојата убавина. Се подготвуваш да изгледаш магично за твојот незаборавен ден.
Секогаш го правиш најдобриот избор, па така знаеш дека декоративната козметика на Bourjois е создадена за тебе. Карминот идеално ги истакна твоите усни и одлично се вклопи со твојата насмевка, маскарата ти го зајакна сјајот на погледот, пудрата ти ги прикри сите несовршености, а руменилото перфектно ти ги нагласи цртите на лицето.
Облеката е на твоето тело, ти си целосно подготвена и авантурата може да почне! А, и твоите пријатели се веќе подготвени! Дали го направиле и тие вистинскиот избори? Секако!
Вие тројца сте во Париз и изгледате магично благодарение на вашата позитивна енергија и шминките на Bourjois, свесни дека внатрешниот и надворешниот изглед секогаш се надополнуваат и се усогласуваат!
Прва дестинација – се восхитувате на богатата историска француска уметност во најпознатиот музеј на светот – Лувр, задржувајќи го погледот на едно од најзначајните уметнички дела – „Мона Лиза“. Импресионирани продолжувате да ги уживате париските убавини.
Следна на листата е магичната авенија „Шанзелизе“! Излози полни со уникатни парчиња што ја отсликуваат француската мода, автентични кафулиња, историски обележја, културни знаменитости и глетка што никого не остава рамнодушен.
Време е за сумирање на импресиите, макаронс во пастелни бои и мирна прошетка покрај реката Сена.
Уживате во среќниот израз на лицата на парижаните, големата возбуда на другите туристи и зајдисонцето од друг агол на Ајфеловата кула. Среќна и задоволна, го извади карминот Bourjois од твојата чанта, ја поправи шминката и гледајќи кон месечината, која отсјајува кон Триумфалната капија, се упати на вечера со твоите пријатели. Ова е твојот сон што твојата омилена декоративна козметика Bourjois ти овозможува да стане јаве!
Негувај ја твојата кожа со врвните производи и учествувај во наградната игра со која имаш можност да освоиш патување во Париз, а на таа авантура ќе понесеш и двајца твои пријатели.
Сè што треба да направиш е да купиш производи Bourjois во вредност од 1.200 денари, да го скенираш QR-кодот и да ги внесеш твоите податоци.
Bourjois за петмина учесници подготви пет пакети што вклучуваат шопинг-картички во вредност од 6.000 денари, производи Bourjois и професионална шминка во модното студио „Фран“, како и 20 пакети со производи Bourjois. Овие прекрасни подароци можат да бидат ваши, а притоа да ја заштитите и да ја негувате вашата кожа со користење на декоративна козметика со врвен квалитет што ја отсликува француската елеганција.
Наградната игра трае до 15 јануари 2025 година и претставува исклучителна можност новата година да ја почнеш со магично патување што ќе го паметиш засекогаш.
Декоративната козметика Bourjois, која е синоним за париски стил и убавина, нуди лесни и природни текстури, како и богата палета нијанси, кои ја истакнуваат природната убавина на кожата.
Не пропуштајте ја оваа можност. Вклучете се во наградната игра и освојте патување во Париз!