• Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
  • За нас
  • Импресум
  • Профил
  • Контакт

Архиви

  • март 2021
  • февруари 2021
  • јануари 2021
  • декември 2020
  • ноември 2020
  • октомври 2020
  • септември 2020
  • август 2020
  • јули 2020
  • јуни 2020
  • мај 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

Социјални медиуми

Новости

Види

МВР ме прави огорчена и лута

март 2, 2021

Види

Архитектура и дизајн – On a budget предлози за освежување на домот

март 1, 2021

Види

PMGJAZZ со три концерти во живо во МКЦ

февруари 25, 2021

Види

Победници на отворениот повик за креативни идеи на тема „Другите“

февруари 23, 2021

 
0
Portret digital
  • Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
Portret digital
  • Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
0

Во Живот и Култура, Новости

Серијата „Зоки Поки“ ќе се емитува во Шведска

февруари 9, 2021

Серијата „Зоки Поки“ ќе се емитува во Шведска

Наскоро, Швеѓаните ќе се забавуваат со авантурите на култниот македонски лик, Зоки Поки. Десетте епизоди од ТВ-серијата ќе се емитуваат ексклузивно на Шведската национална телевизија „SVT“, односно на нивниот специјализиран канал за детска програма „SVT Barn“.

„SVT“, шведскиот еквивалент на „МРТВ“, е најшироко распространетата телевизија во Шведска и истата има најголем опсег на програми од сите телевизии во земјата.

„Зоки Поки“ е првата македонска серија и воопшто програма од овие простори што некогаш се емитувала на оваа телевизија.

Зоки Поки, Лидија, Гоки и Боки ќе зборуваат на шведски, а преку нивните забавни и поучни искуства ќе се зајакнуваат вредностите на едукација, родова еднаквост, диверзитет и квалитет кон кои се стреми Шведската национална телевизија.

Модерната екранизација на саканата детска книга на писателката Оливера Николова, со која имаат израснато многу генерации, е во продукција на Кино Око, во копродукција со Македонската радио телевизија и со финансиска поддршка од Агенцијата за филм на Македонија. 

Десетте епизоди од првата сезона на ТВ-серијата премиерно се емитуваа на првата програма на „МРТВ“ во периодот од мај до јуни 2020 година. Снимањето на втората сезона е сѐ уште во неизвесност.

„Многу сум среќен што серијата ʻЗоки Покиʼ ги задоволи високите Скандинавски стандарди за детска програма. Ова е доказ за универзалноста на серијата и на темите кои ги обработува и кои се интересни за децата од целиот свет. Со ова се потврдува вредноста на вонвременското дело на писателката Оливера Николова и за квалитетот на македонските филмски автори. Прикажувањето на серијата на Шведската национална телевизија е голем успех за Кино Око и за македонската продукција. Во преговори сме за прикажување на серијата во Норвешка, Хрватска, Србија и Словенија. Но, и покрај големиот интернационален успех и популарноста во Македонија, сепак е неизвесно снимањето на втората сезона. Се надевам дека оваа вест ќе биде дополнителен мотив за финансиска поддршка на втората сезона од серијата“, вели продуцентот Роберт Насков.

„Приказната за Зоки Поки има во себе еден по малку заборавен свет на вредности кои во нашето детство беа наше секојдневие. Една топлина кога верувавме дека надворешниот свет е најсигурниот и најубавиот свет во кој секое дете има некое свое место. Првата сезона покажа дека публиката и децата ги препознаа овие вредности и дека навистина вредеше да се направи овој проект. Сега многу зависи од сите нас дали оваа идеја ќе продолжи да живее понатаму. Навистина чувствувам потреба да кажам дека ќе биде голема грешка доколку тука застанеме и не направиме вистински серијал од повеќе сезони. ʻЗоки Покиʼ може да биде голема инвестиција не само во телевизискиот, туку и во едукацискиот и емотивниот свет кој толку многу ни недостасува“, додава режисерот Александар Поповски.

Главните улоги во серијата ги толкуваат Матеј Настевски (Зоки), Анастасија Аневска (Лидија), Матео Матоски (Боки) и Матеј Зимбаков (Гоки). Покрај детската екипа, во серијата играат и Сашко Коцев и Даниела Иваноска, кои ги глумат родителите на Зоки и Сабина Ајрула-Тозија, во улогата на неговата баба.

Режисери на серијата се Александар Поповски, Марија Апчевска, Даријан Пејовски и Радован Петровиќ. Сценаријата за серијата се на Сашо Кокаланов и Билјана Црвенковска.

Фотографии: zokipoki.mk

Сподели

Претходен напис

Работилница за онлајн запознавање…

Во Видео

Работилница за онлајн запознавање на транс заедницата

Прочитајте повеќе

Следен напис

Француски артист илустрира семејства од…

Во Уметност

Француски артист илустрира семејства од нашите омилени филмски карактери

Прочитајте повеќе

Купете го новото електронско издание на Портрет Магазин

Во Мода

Нова линија на модни марами дизајнирани од Росица Мршиќ

Прочитајте повеќе

Во Живот и Култура

МВР ме прави огорчена и лута

Прочитајте повеќе

Во Новости

Архитектура и дизајн – On a budget предлози за освежување на домот

Прочитајте повеќе

Во Живот и Култура

Со Филип Јосифовски за несреќата, повредата на вратниот пршлен и позитивниот и упорен дух да се поместат границите

Прочитајте повеќе

Најчитани

Види

Наталија Стојевска – „Сите ние, мажи и жени имаме подеднакво право на секс“

јануари 28, 2021

Види

Со Филип Јосифовски за несреќата, повредата на вратниот пршлен и позитивниот и упорен дух да се поместат границите

февруари 26, 2021

Види

Отворен повик за креативни дела на тема „Другите“ (Тhe Others)

декември 1, 2020

Види

Проф. д-р Ана Фрицханд за менталното здравје во услови на COVID-19: што предизвикува пандемијата на психички план?

октомври 23, 2020

Portret digital

© 2020 Portret digital All Rights Reserved Made by Webpigment