Владо Илиќ е системски терапевт, професор по јазици и комуникација и учител за поредокот на љубовта. Преку школото за животот „Поредок на љубовта“ отвара простор за увид во динамиката која им овозможува на учесниците да се освестат и да ги интегрираат трангенерациските трауми кој според него живеат во колективното и индивидулното несвесно. „Поредокот на љубовта“ или семејни констелации е еден од методите на традиционална медицина официјално признат од Министерството за здравство на Србија. Семинарот и бесплатното предавање што ќе се одржи од 24 до 26 март во хотел „Лимак“ Скопје ќе зборува за овој пристап и медитацијата како важен дел од неговата работа која овозможува освестување на позадините на конкретни животни теми што носи до личен развој и повторно воспоставување хармонија.
„За мене зборуваат моите дела и мојот пат, мисијата на љубовта и помирување, како и моите учесници кои ги има повеќе од 41.000 и сите кои ме следат на тоа поле. Повеќе за мене можете да дознаете во мојата книга „Лице без маска“ во која без цензура одговорив и на многу лични прашања кои ми ги постави др Маја Башиќ. Школото за животот, Order of love, или„Поредок на љубовта“ е место на кое можеме не само да се наполниме со љубов, енергија за да можеме со леснотија да чекориме низ сопствениот живот во секојдневните случувања на сè што нè оптеретува, туку тука можеме да ги научиме правилата на игра на животот. Не е едноставно ни најталентираниот спорист да победи ако не ги знае правилата на играта. Замислете најталентиран фудбалер кој не ги знае правилата за фудбал па според тоа не знае ни дека после полувреме се менуваат страните. После полувреме ќе има автоголови како дожд, како што често автоголови паѓаат во нашиот живот. Не затоа што ние тоа го сакаме, или сме лоши луѓе со лоша судбина, туку затоа што не сме ги научиле основните правила на животот. „Поредокот на љубовта“ ни дава можност да ги научиме правилата на играта на животот, да ги научиме основните космички закони и да почнеме да се однесуваме во согласност со основните космички закони кои се многу поголеми од нас“, вели Илиќ.
Како што вели тој, во текот на семинарот медитативно и ритуално учесниците се навраќаат далеку во трансгенерацискиското минато или во раното детство, а неретко и во времето кога биле потполно заштитени и биле на најсигурното место, во утробата на мајката.
„Значајно е што почесто да се враќаме на тој момент на безгрижност, безбедност, момент на среќа и задоволство, но исто така момент на блаженство, доверба и неопислива љубов. Моментот на поврзаност со мајката, поврзаност со нешто многу поголемо од нас. Тоа сè можеме да го доживееме на семинарот и тоа сè можеме после семинарот да си го понесеме дома. Понекогаш е потребно подолг период, но што почесто луѓето доаѓаат им е поедноставно да не го одделуваат искуството во текот на семинарот кое е добро, инспиративно, згрижено и полн со љубов, од својот живот надвор од семианрот. Тука учат и добиваат адекватна поддршка себе си да си дозволат и поинаков поглед на сопствениот живот, да си дозволат на себе си дека смеат и надвор од семинарот да живеат во љубов, хармонија со себе и светот околу себе. Дека тоа е можно секогаш им покажувам со сопствениот пример“, додава Илиќ.
Името на школото прво било Вечерно школо но подоцна преку самите предавања се наложило да се смени во „Школо за животот“.
„Скромноста не ми дозволуваше тоа да го наречам „свое“, школо на животот. Сакав на учесниците да им укажам дека тука учат тоа што немале прилика да го научат во својот живот, што немале прилика да го научат во своето детство, тоа што го прпопуштиле низ животот, па оттаму и вечерно школо. Мојата сопруга Јелена прво ме инспирираше па потоа инсистираше повеќе да не зборувам за вечерно школо, туку својата мисија на љубовта и помирување ги наречам со соодветно име: „Школо за животот“. Тука луѓето добиваат „втора шанса“ и следна шанса да го научат пропуштеното, пораката е многу јасна – никогаш не е доцна. Сум имал учесници од различна старосна група, од оние најмалите, новородени, до луѓе во повозрасни години, а досега најстариот учесник имал деведесет и пет години“, објаснува терапевтот.