Одржливата еко мода, има цел да ја зачува еколошката рамнотежа без притоа да се исцрпуваат природните ресурси, што е исклучително важно зашто модната индустрија е еден од најголемите загадувачи на животната средина. Токму затоа секој бренд кој се залага за уникатни, еко производи е за почит и внимание. Сања Лазаревска е сопственичка на брендот April 22 кој на нашиот пазар нуди токму вакви производи.
Сопственичка сте на компанија која на пазарот нуди иновативен производ, бироазградливи хулахоки и чорапи, со алое. Како дојдовте до идејата за пласирање на производ кој ќе направи еко промени а во исто време ќе биде и модерен?
Идејата за пласирање на бироазградливи хулахопки и чорапи е реакција на последиците што „брзата мода“ ги остава врз нашата планета и на идните генерации и нов начин да ја искористам технологијата и ресурсите на фамилијарниот бизнис. Не можев да продолжам да го развивам бизниот на мојот татко без да направам одржлива промена и да размислувам за последиците кои ние како производители и потрошувачи ги оставаме зад себе.
Одговорот на овие предизвици е да создадам бренд што не само што ќе изгледа современо и ќе решава проблем на самиот купувач, туку и придонесува за подобрување на нашата средина. Април22 се роди со идејата да изгледаме убаво и да се чувствуваме удобно без да ѝ наштетуваме на планетата Земја. Името на брендот е концептуално, доаѓа од денот на планетата Земја, 22 Април, со цел да промовира славење на планетата Земја секојдневно и еко-свесна потрошувачка.
Во есенските и зимските денови честото носење на хулахопки знае да предизвика иритација на кожата. Која е предноста на хулахопките со алое во однос на останатите?
Повеќето од нас сме свесни каков ефект можат да имаат сувото и ладно време врз нашата кожа, особено ако е таа почувствителна. Април22 хулахопките се создадени со специјална алое вера формула со најнова технологија и можат да обезбедат дополнителна хидратација на кожата, одржувајќи ја мека и еластична. Па така, и покрај суровите зимски услови, хулахопките креирани со оваа формула спречуваат чешање, неудобност и миризба од потење. Инфузијата на алое верата во материјалот ја дава антимикробноста што допринесува за околина каде нема размножување на бактерии и габи. Производот има исклучителна мекост која е пријатна за носење за време на вашите долги работни денови и за одржување на хидратацијата на кожата. Алое верата има и смирувачки ефект, што значи дека носењето хулахопки со алое може значително да придонесе за поудобно и попријатно искуство за кожата во текот на зимата. Затоа Aприл22 хулахопките се популарен избор помеѓу оние што бараат дополнителна нега и заштита во постудените месеци.
Производите од брендот April22 се револуционерни на нашиот пазар, зошто се грижат за отпадот, што е број еден проблем на модната индустрија. Која е предноста на биоразградливите хулохопки за животната средина?
Модната индустрија е еден од најголемите загадувачи во светот! Повеќе од 9 милиони тони отпад годишно завршуваат како пластика во депонии од хулахопки! На пример, ако во просек купувате 4 пара хулахопки месечно во рок од 9 месеци, вие придонесувате за 2.2 килограми пластика која завршува во океаните и депониите. Со ваквата практика поддржувате и промовирате линеарна економија на купи – употреби – фрли. Тимот на производство на Април22 хулахопките е составен од 98% жени кои одговорно работат на самиот производ со цирклуларни практики и органски сертифицирани материјали. Што значи тоа? Отпадот од хулахопките може да се користи за енергија, процесот на производство продолжува, што е пример за циркуларен производ наспроти линераните производи за кои не постои начин повторно да се употребат. Исто така, производот се пакува во рециклирана хартија, се третира со органски бои за фарбање и се произведува со нова генерација на опрема која е енергетски ефикасна. За разлика од традиционалните хулахопки направени од небиоразградливи материјали, Април22 хулахопки се дизајнирани да се распаѓаат со помош на микроорганизми, оставајќи зад себе минимални или никакви штетни остатоци. Предноста на Април22 биоразградливите хулахопки со алое е што се разградуваат 10 пати побрзо од сѐ што е достапно на пазарот. Задачата на брендови како Април22, како и истомисленици во светот на прекумрен конзумеризмам, е да помогнеме и да поддржиме да се развиваат нови вакви брендови со етичка и еко-свесна мода. На овој начин ја славиме планетата Земја секојдневно. Со избирање на биоразградливи хулахопки, вие придонесувате за намалување на пластичниот отпад, што е голема грижа за животната средина.
Кои се вашите работни цели за оваа година и дали планирате пласирање на нови производи?
Главниот фокус на кој што работиме заедно со Технолошкиот Факултет и Економскиот Факултет од Скопје е развој на нови циркуларни практики што би можеле да се имплементираат во производството. Работиме и на развој на нови мрежи за пласман на производот и промоција. Моментално во фокус ни е развој на формула за фарбање на производите од отпад од храна и чаеви што ќе го зголеми антимикробното дејство на производот.
Нови производи кои може да ги очекувате во брзо време се чорапи и нови детски биоразградливи хулахопки. Па така, не само што родителите ќе можат да им обезбедат на своите деца удобен производ во различни и оригинални бои, туку и можат да ги запознаат со еко-свесен бренд.
Ви сте еколошка компанија која работи на подигање на свеста за важноста на заштита на околината. Кои позитивни промени може да ги направи секој поединец за подобра заедничка иднина?
Ах, едно од најчесто поставуваните прашања! Секој човек може да биде суперхерој на животната средина. Секојдневни мали промени во подолг временски интервал допринесуваат до големи резултати. Целта на Април22 е да изгради заедница која отворено ќе разговара на овие теми во обид секој од нас да придонесе за градење на поздрави навики за заштита на околината. Сметам дека е многу значајно секој од нас да се едуцира и биде информиран за тоа што купува, носи и внесува во своето тело. Важно е да размислиме пред нешто да купиме и да бидеме добро информирани за производите и каков ефект имаат на средината. Еден од начините да се спротиставиме на светот на брзата мода е да поддржиме мали, локални бизниси кои користат одрлживи материјали. Треба да го славиме 22 Април, денот на планетата Земја, секојдневно и да усвоиме повеќе здрави навики за себе и за околината: рециклирање, намалено користење на пластиката за една употреба, купување сезонски продукти, користење на еко-свесни начини на транспортација како јавен транспорт, велосипеди или движење пешки. Постојат многу начини секој поединец да придонесе за подобра заедничка иднина, затоа е многу битно да поддржуваме зелени иницијативи и да поддржуваме зелени брендови, како Април22, со споделување на нивната приказна и мисија. Многу малку луѓе се свесни за штетните последици на стандарните хулухопки и многу малку жени се свесни за опцијата дека можат да изберат биоразградливи хулахопки што се многу поудобни за нивната кожа. Секогаш постои опција за поздрав и посовесен избор, а нашата задача е кога ќе го откриеме да го споделиме со останатите.