Во понеделникот, 09.10.2023 година, во познатиот загребски хотел
Еспланада, Diplomacy&Commerce Croatia одржа настан по повод шестиот
роденден. Во таа прилика беа доделени награди на компаниите и
институциите за извонреден придонес во своите индустрии и полињата на
дејствување. На овој свечен настан, награда доби и Belodore – за
најголемо пробивање во регионалната малопродажна индустрија.
Изразувајќи благодарност на медиумската куќа Diplomacy&Commerce на тоа што ја препозна и награди Belodore за најголем пробив во регионалната малопродажна индустрија, Милош Милутиновиќ, генералниот директор на DP Lux групација, чиј член е Belodore, истакна дека за три години, од 2020 година досега остварен е неверојатен раст на Belodore парфимериите во регионот. Овој раст е постигнат благодарение на тимот на колегите од DP Lux групацијата, како и регионалните партнери како Diplomacy & Commerce Hrvatska, истакна Милутиновиќ.
Парфимериите Belodore се наоѓаат на 6 пазари (Хрватска, Србија, Унгарија, Црна Гора, Бугарија, Северна Македонија) со преку 30 милиони жители.
Овој октомври, Belodore го слави својот трети роденен, моментално 13 парфимерии функционираат во регионот, а до крајот на годината со новите отворања, Belodore ќе стане најголемиот ланец на niche парфимерии во Европа.
DP Lux е водечки европски дистрибутер на брендови на парфеми и козметика за нега на кожа со присуство на 13 пазари.
DP Lux мрежата брзо се развива благодарение на успешните соработки со престижни брендови, а со својот стручен тим и посветеност, станаа најголема дистрибутивна мрежа во овој дел на Европа. Исто така, DP Lux групација е сопственик на три малопродажни ланци на парфимерии (Belodore, Plaza, L’Occitane), кои работат во 7 земји.