Минатата недела, една од најплатените модели Bella Hadid, заедно со раперот A$AP Nast и шпанскиот фудбалер Jules Kound`e беа дел од светската промоција и релансирањето на култните патики на Адидас -SL 72.
Овој vintage модел за трчање доаѓа во две верзии SL 72 RS и SL72 OG и пет нови бои. Кампањата е фотографирана од реномираниот фотограф Kenny Germe и секој учесник во кампањата држи букет цвеќиња во боите на патиките што ги носи, како потсетник на букетите што се доделуваат на освојувачите на медали. Оваа серија на патики првично беше лансирана во 1972 година и за кратко време стана еден од најпродаваните модели од брендот Адидас.
Годинешново лансирање не случајно е темпирано да се случува во период на многу големи и важни спортски настани како: Летните Олимписки Игри во Париз 2024, Еуро 2024 и Копа Америка. Овие модели на светскиот пазар чинат околу 100 долари, а во првите денови по лансирањето веќе беа распродадени во жолта и сина боја.