Иан Пули (Ian Pooley) е светски познат германски продуцент и диџеј кој на македонската публика и е познат по многубројните настапи и по неговите впечатливи хаус и техно сетови. Пули настапува во „Излет“ во сабота 26 март со почеток од 21 часот.
Неговата кариера започнала во 1993 година кога фасциниран од музичките продуценти во Чикаго и Детроит ја купил првата опрема и почнал да создава хаус и техно музика што резултираше со светска кариера низ многу декади и голема публика. Во неговата музика може да се забележи бразилско влијание, а има и соработувано и со бразилски артисти и текстописци.
Сашо Узуновски разговараше со него пред настапот во сабота.
Како изгледаше почетокот на 2022 година за вас?
Прилично добро, уживам во работата на нова музика во студиото. Полека се враќаат и свирките, малку е чудно по скоро две цели години без настапи но првите неколку сега беа супер.
Пандемијата од ковид 19 е скоро при крај и многу артисти и диџеи се враќаат на турнеи и на настапи. Дали сметате дека е сменет вајбот на подиумот?
Се надевам дека е завршена, но се уште се сомневам, ќе видиме. Направив интересна опсервација минатиот викенд во Келн. Клубот беше полн со нова генерација на клабери кои беа таму само за музиката и воопшто не погледнаа во нивните телефони. Скоро и да изгледаше како пред 25 години, беше многу кул!
Како ја дефинирате денешната електронска музичка сцена во спроедба со 90тите кога допрва се пробиваше низ светот?
Дава добро чувство. Моменталната публика и диџеите се навистна во органска и права хаус музика.
Кои се вашите планови за оваа пролет/лето? Дали планирате нови проекти, нови изданија итн?
Мојот нов албум (конечно)!
Се враќате во Скопје од раните 2000ти, а оваа сабота имате настап во „Излет кафе“. Што очекувате од журката и што е посебно кај публиката тука?
Локалната публика е супер, силни ентузијасти на вистинската музика од Чикаго и Детроит. Секогаш ми е задоволство да доаѓам!
Во прилог неделната програма на кафе „Излет“.
Среда 23.03…Среда и градот / Andrej Micajkov
Четврток 24.03…The Low End Theory / Drazi Drags
Петок 25.06 … Wish.ko – Radio bar
Сабота
IAN POOLEY – (D)
Warm up: UZUN BROTHERS
26.03. старт 21:00 ч
Влез: 300mkd