За сите што си ветивме дека ќе почнеме со вежбање или некоја активност ,,после празниците”, а не си го исполнивме ветувањето, денеска, први февруари е одлична можност да се поправиме. Овој февруари фокусирајте се на наоѓање активности во кои навистина ќе уживате и нема да ги гледате како обврска. За поголема мотивација пробајте нешто ново, вежбајте заедно со другар/ка, брат, сестра, колега/шка, следете го вашиот напредок, наградувајте се за успехот, никако не оставајте за ,,од понеделник” или ,,од први” и не се вадете со ,,немам време”. Врзете ги патиките, земете ја простирката и подгответе се да го раздвижете телото на начин на кој ќе се чувствувате добро. Мала промена може да направи голема разлика. Февруари е вистински месец за почнување на нешто за кое ќе си бидете благодарни во мај. Ви издвојуваме неколку забавни места на кои може да започнете со вежбање овој февруари.
1.Club 8
https://www.instagram.com/club8.mk/
2.Rituals studio
https://www.instagram.com/rituals_studio/\
3.Фитнес Фабрика
https://fitnesfabrika.mk/
4.Inside Yoga
https://www.instagram.com/ashtangayogaskopje/
5.Aerial Movement Academy
https://www.instagram.com/aerial_movement_academy/
6.Reformer Club
https://www.instagram.com/reformerclubskopje/?img_index=5