2023 година беше во знак на два модели на патики: Adidas Samba и New Balance 530. Несомнено моделите остануваат меѓу омилените и во 2024. Како и досега ќе ги носиме со сѐ што имаме во плакарот.
Моделите на патики налик копачки ќе ја доживеат својата слава, што не е изненадување, имајќи предвид дека и Adidas Samba се едни од нив. Adidas Originals Samba потекнуваат од 1950 година и ги носел германски фудбалски тим, а првичната намена им била за снежни и замрзнати терени. Патиките остануваат омилени кај спортистите, а во 1970 почнуваат да ги носат и фудбалските фанови. Samba верзијата што ја знаеме денес, потекнуваат од 1972 година. Дизајнерите го додале меката подлога и кожа во предниот дел.
Во продолжение ја издвојуваме новата петорка патики што ќе им се придружат во 2024. Веднаш може да кажеме дека не очекуваме ништо ново и различно, само збир на сѐ што било добро од седумдесетите години па наваму, во малку поразлично руво.
1. ADIDAS X WALES BONNER
Првата серија од соработката на Wales Bonner и Adidas излезе и веднаш се распродаде. Набрзо излегоа и безброј реинтерпретации на модните писти. Со јазик што потсетува на патиките за фудбалските терени, овој модел ќе доминира и надвор од нив, по улиците и по модните писти.
2. NEW BALANCE 9060 и 990
Доминацијата на New Balance од 2023 продолжува и во 2024, со акцент на моделот 9060 со малку поинаков ѓон од NB 530, а секако и ретро моделот 990 за кој веќе видовме безброј можности за комбинации. NB 530 продолжува да шета по улиците заедно со овие два модели.
3. Veja Campo
Veja е француски бренд на патики што се разликува од останатите брендови најмногу поради својот едноставен стил. Особено внимание привлекоа кога со нив се појавија Meghan Markle, Kate Middleton, Reese Witherspoon, Emma Watson, Katie Holmes и многу други. Патиките остануваат во фокус и оваа година како предводници на минимализмот
4. The Nike Cortez “Forrest Gump”
Легендарните Nike Cortez патики беа ѕвезди во осумдесетите и деведесетите. Првично излезен во 2018 година, проследен со моделот “Basic” во 2019, моделот “Forrest Gump” Nike Cortеz се врати назад, подобар од кога било. Во 2024 година останува верен на своето класични бои.Едноставно, лесни се за комбинирање и како и Samba изгледаат одлично со панталони, сукњи и фустани. Враќањето на The Nike Cortez “Forrest Gump” е закажано за 1 мај 2024.
5.Onitsuka Tiger Mexico 66 на ASICS
Уште еден модел што направи ултимативен comeback. Дизајнирани во 199 година од Kihachiro Onitsuka
По речиси 30 години стануваат дел од ASICS, брендот чие име претставуваакроним на латинската изрека Anima Sana In Corpore Sano (Во здраво тело, здрав дух). Продолжувајќи да го промовира својот основачки принцип во 1966 го дизајнираат моделот Onitsuka Tiger Mexico 66 како симбол на стил и експресија на многу генерации. Оваа година моделот се враќа на сцената со надградена варијанта и комбинација на нови тонови, иако фокусот останува на класичните бели, сини, сиви и секако, жолти.