Жителите на една од најгусто населените земји во светот, Холандија, одлучија да покажат како крововите на зградите може да се пренаменат за друго. Така, на една зграда во Ротердам изградија пешачка патека која нуди бројни содржини и и целиот живот на градот го подигнаа на нова висина.
Здружеинето Rooftop Days ја изгради пешачката патека која ги поврзува крововите на трговски центри во центарот на градот и со тоа сакаа да покажат дека во иднина нивниот град ќе може да се развива урбанистички.
Членовите на здружението се грижат за разни работи – од одгледување храна до складирање вода, а со изградбата на пешачките стази укажуваат на тоа како може да се искористат неискористените простори во најголемото европско пристаниште.
„Сакаме луѓето да испробаат и да видат каков сјаен простор имаме над градот. Засега се користат само 3% од потенцијалот на рамните кровови на Ротердам“ велат од здружението.
Светло портокаловата патека е долга дури 600 метри, а дел од овој воздушен мост го поврзува градскиот Светски трговски центар со една стоковна куќа на висина од 29,5 метри.
Долж шеталиштето, кое наскоро ќе биде отворено, има помали турбини на ветар, соларни панели, уметнички галерии и платформа за слетување дронови. Ако градските власти дадат зелено светло за ова село на кров, организаторите потоа ќе посадат и растенија и ќе изградат мали куќи од одржливи материјали.