• Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
  • За нас
  • Импресум
  • Профил
  • Контакт

Архиви

  • март 2021
  • февруари 2021
  • јануари 2021
  • декември 2020
  • ноември 2020
  • октомври 2020
  • септември 2020
  • август 2020
  • јули 2020
  • јуни 2020
  • мај 2020
  • април 2020
  • март 2020
  • февруари 2020

Социјални медиуми

Новости

Види

МВР ме прави огорчена и лута

март 2, 2021

Види

Архитектура и дизајн – On a budget предлози за освежување на домот

март 1, 2021

Види

PMGJAZZ со три концерти во живо во МКЦ

февруари 25, 2021

Види

Победници на отворениот повик за креативни идеи на тема „Другите“

февруари 23, 2021

 
0
Portret digital
  • Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
Portret digital
  • Новости
  • Мода
  • Убавина
  • Музика
  • Живот и Култура
  • Уметност
  • Видео
0

Во Новости

Проф. д-р Ана Фрицханд за менталното здравје во услови на COVID-19: што предизвикува пандемијата на психички план?

октомври 23, 2020

Проф. д-р Ана Фрицханд за менталното здравје во услови на COVID-19: што предизвикува пандемијата на психички план?

На начин на кој е дефинирано од страна на Светската здравствена организација (СЗО), менталното здравје претставува состојба во која поединецот го реализира својот потенцијал, може да се справи со оптималниот стрес во животот, може да работи продуктивно и плодно и може да придонесе за заедницата. Тоа е дел од општата здравствена состојба, a не само отсуство на заболувања. Mенталното здравје ги опфаќа емоционалната, психолошката и социјалната добросостојба на поединецот. Влијае врз тоа што луѓето чувствуваат, мислат и како се однесуваат. Се препознава и во начинот на кој ги градат врските со другите луѓе, како се справуваат со стресот, односно донесуваат одлуки и прават избори во животот. Гледано од развојна перспектива, менталното здравје е важно во сите животни периоди – од детството, па сѐ до третата и четвртата возрасна доба (староста). Според СЗО, менталните нарушувања кои засегаат околу 25% од населението во Европскиот регион секоја година, се еден од најголемите предизвици со кои се соочува јавното здравство. Притоа, анксиозноста и депресивноста се наведуваат меѓу најчестите нарушувања на менталното здравје, а нарушувањата варираат според степенот на сложеност, времетраење, интензитет и други параметри.

Некои автори Covid-19 пандемијата ја вбројуваат во 10-те најголеми пандемии во историјата на човештвото. Во 21-от век таа се смета за трета голема глобална криза (по терористичките напади 9/11 во САД и финансиската криза во 2007-2008 година, која се проценува за најголема по економската криза во 1930-те години). Оваа пандемија не е само огромен здравствен, туку е и психолошки, етички, економски и политички предизвик. Taa е веќе навлезена во секој аспект од живеењето и ги забрзува општествените трансформации. Влијае врз поединците до различен степен, во зависност од различни фактори (на пр. возраст, пол, социоекономски статус, култура, личност, вредносен систем, резилиентност и сл.). Притоа, повеќе од очигледно е дека барем секундарниот стрес е присутен кај поголемиот дел од луѓето. Исто така, има промени во вредностите, политиката и ресурсите во земјите, особено во оние кои се најмногу погодени од вирусот.

Во многу земји од светот се наведуваат докази за зголемено семејно насилство и злоупотреба на алкохол за време на карантинскиот период, каде што децата се претежно најранливата група поради нивната физичка немоќ. Според некои проценки објавени во статии поврзани со менталното здравје, во историски пораст се анксиозно-депресивните состојби и се смета дека светското население е во т.н. колективна состојба на траума. Неопходноста од изменети услови на живот и поинакви правила на однесување кои сите треба да ги почитуваат, кај многумина се главни фактори за појава на чувства на осаменост, здодевност, збунетост, лутина, фрустрација итн. Стравот и неизвесноста се веројатно двете најчести емоции кај многу поединци како одговор на пандемијата. Во психологијата, стравот се смета за прилагодувачки одговор на организмот кога се согледува опасност. Имајќи го предвид глобалниот фокус на ризичната популација, станува очигледен и стравот за безбедноста на другите, т.е. алтруистичкиот страв. Овој вид страв се забележува кај оние лица кои стравуваат за своите семејства, пријатели и припадници на блиската заедница од добивање на вирус, наместо да се чувствуваат исплашени исклучиво за сопственото здравје. Од друга страна, пак, има голем број поединци кои успешно се справуваат со предизвиците на новиот животен стил, благодарение на високата резилиентност, одредени личносни карактеристики, личниот вредносен систем и филозофија на живеење, прилагодени очекувања и слично.

Карантините и продолжената социјална изолација кај некои луѓе се тесно поврзани со финансиски и ментални проблеми. Тоа влијае и врз начинот на кој луѓето ги организираат своите социјални мрежи, што може да доведе до потреба од прилагодување на индивидуално и на социјално ниво. Оттука, младите, на пример, се соочуваат со предизвик да созреат побрзо од нивните врсници од претходните генерации, додека кај повозрасните може да се засилат интроверзијата, неизвесноста и одбивноста кон преземањето ризик. Иако голем број истражувања посочуваат дека во услови на катастрофи луѓето природно стануваат поподготвени меѓусебно да си помагаат и да се однесуваат алтруистички, според некои најнови истражувања направени во екот на оваа пандемија, се покажува дека овој пат тоа не е целосно така. Трајните импликации на пандемијата допрва треба да се согледаат, а со тоа и кои и какви ќе бидат краткорочните и долгорочните последици по менталното здравје. Сепак, очигледно е дека присутната морална вознемиреност, конфликтите и измешаните чувства кои влијаат врз луѓето во различен степен, се многу поврзани со актуелната состојба во светот.

На крајот, се поставува прашањето што може секој поединец да направи за себе, за да ги одржи функционалноста и менталното здравје? Како што советуваат експертите, важно е да се биде навремено и точно информиран следејќи релевантни и проверени извори, за симптомите на болеста, начинот на пренесување, начините за заштита на себе и другите итн. Воедно, потребно е да се имаат точни информации за тоа што да се направи и каде навремено да се побара помош доколку се забележат симптоми или постои сомневање дека се дошло во контакт со лице заболено од Covid-19. Особено е важно да се води грижа за своето физичко и емоционално здравје и да се создадат нови дневни рутини. Кон ова се надоврзува препознавањето и прифаќањето на стравот и анксиозноста како нешто очекувано во овие услови и присутно кај голем број поединци. Кога се размислува за оваа пандемија, корисно е да се подели проблемот во две категории – на работи за кои поединецот може нешто да направи и на работи за кои не може ништо да направи –  и да се избегнува правењето на претпоставки („што би било кога би било“). Важно е да се остане физички и ментално активен и ангажиран. Воедно, значајно е да се одржуваат врските со другите, посебно со значајните други, почитувајќи ги насоките за физичка дистанца и користејќи алтернативни начини на социјализирање. На крајот, но не помалку важно, е вложување ментален напор да се остане смирен, да се одвои време за себе, за да се разгледа начинот на кој се живее животот, да се преиспитаат приоритетите и вредностите, позитивно да се размислува и да се наоѓа смисла во малите нешта кои човекот го прават среќен.

Сподели

Претходен напис

Good Food со Кокарче…

Во Новости

Good Food со Кокарче - Марокански кускус со печен зеленчук

Прочитајте повеќе

Следен напис

[Рецензија] Funk Shui - Ветер

Во Музика

[Рецензија] Funk Shui - Ветер

Прочитајте повеќе

Купете го новото електронско издание на Портрет Магазин

Во Мода

Нова линија на модни марами дизајнирани од Росица Мршиќ

Прочитајте повеќе

Во Живот и Култура

МВР ме прави огорчена и лута

Прочитајте повеќе

Во Новости

Архитектура и дизајн – On a budget предлози за освежување на домот

Прочитајте повеќе

Во Живот и Култура

Со Филип Јосифовски за несреќата, повредата на вратниот пршлен и позитивниот и упорен дух да се поместат границите

Прочитајте повеќе

Најчитани

Види

Наталија Стојевска – „Сите ние, мажи и жени имаме подеднакво право на секс“

јануари 28, 2021

Види

Со Филип Јосифовски за несреќата, повредата на вратниот пршлен и позитивниот и упорен дух да се поместат границите

февруари 26, 2021

Види

Отворен повик за креативни дела на тема „Другите“ (Тhe Others)

декември 1, 2020

Види

Проф. д-р Ана Фрицханд за менталното здравје во услови на COVID-19: што предизвикува пандемијата на психички план?

октомври 23, 2020

Portret digital

© 2020 Portret digital All Rights Reserved Made by Webpigment