Жените се тие кои се на фронтот против борбата со Ковид-19, без разлика дали како медицински работници, научници кои направија вакцини за рекордно време, оние кои се грижат за семејството и заедницата, први за грижа на децата, но и како политички и јавни лидери кои својата земја ја водат низ најтешкото време.
Истовремено, како резултат на родовиот јаз, низ целиот свет, вклучувајќи ја и Македонија, социјалните и економските ефекти најтешко ги погодија жените. Беа изгубени многу работни места, нивните примања беа намалени побрзо и повеќе во однос на мажите, со разочарувачки ефект врз економската независност. Ова е поради тоа што жените најчесто се концентрирани во оние таканаречени најранливи работни места во кои често фалат работнички права и социјална заштита.
Дополнително, жените низ светот се тие кои најмногу врз својот грб ја чувствуваат домашната работа и неплатената грижа, која е есенцијална, но не е доволно поддржана од владите во повеќето држави низ светот. Бидејќи училиштата и градинките беа затворени поради Ковид-19 дури и повеќе од домашните работи беа ставени во рацете на жените, а со тоа намалувајќи го нивното време за платена работа. Последиците се тешки: Прогнозите на UN Women покажуваат дека родовиот јаз во сиромаштијата ќе се зголеми, односно уште 47 милиони жени ќе бидат втурнати во екстремна сиромаштија годинава.
И покрај борбата на владите со вирусот и начините да се заштити населението од најлошите сценарија, надлежните почнаа и со економска обнова. Ова е можност да се искористи обновата за еден поодржлив, праведен и еднаков свет. Искористувањето на оваа можност е централна тема на агендата на овогодинешниот Generation Equality Forum, глобално состанување за родова еднаквост во организација на UN Women и поддршка на владите на Мексико и Франција, а ќе се одржи од 30 јуни до 2 јули во Париз.
Дополнително подоцна оваа година, UN Women ќе претстават Феминистички план за одржливост и социјална правда, во кои се означени три приоритети за економска обнова по Ковид-19:
Градење на грижлива економија
Светот ја препозна грижата како есенцијална во оваа криза. Сега е потребно да се спроведат политики за да се поддржат и наградат медицинските работници, како и тие што се грижат за децата и за постарите.
Генерирање одржливи животни приходи за сите
Ранливоста на женските работни места брутално беше откриена за време на пандемијата. Заради тоа е потребно зајакнување на социјалниот систем и преместување на жените од неформалната економија.
Обезбедување родово-праведна и зелена транзиција
Нови зелени работи за жените и инвестирање во одржливата технологија и инфраструктура ќе биде клучно да се обезбеди одржлива животна средина и да се спаси планетата.
Со овој план анализите покажуваат дека на пример само, вложувањето во универзални, високо-квалитетни услуги за грижа на децата, би се создале 2.3 милиони нови работни места. Во време кога светот треба да се сврти кон одржливоста ваквиот тип на работни се исто така зелени работни места.