Во Музејот на современа уметност вчера започна Викендот на гордоста Скопје 2021 на тема НАСТРАНО ЗАЕДНИЧКО: Политики на пријателство, љубов и афекти. На првиот ден беше прикажана ретроспективната изложба „Заслепен од љубов“ на еден од најзначајните современи перформанс и визуелни уметници во светот. Својата уметничка работа не ја одделува од животот, а неговите дела балансираат меѓу изолацијата и заведувањето, наклоноста и конфронтацијата, страдањето и еротицизмот, панкот и поезијата. Настојува неподносливото да го направи подносливо, го провоцира гледачот да размисли за сопственото поимање на убавината и страдањето. Сопственото тело го користи како метафора за општествената борба, при што отелотворува претстави за личното, политичкото и поетското. Вкрстувајќи ја љубовта и болката, Франко Б покажува дека човечноста, како состојба, може да се подобри.
Во рамките на изложбата беа изложени фотографии од неговите перформанси направени од Хуго Глендининг, везови на хартија, тековна серија на керамички дела, видеоарт и видео документации на неговите перформанси.
Погледнете ја вчерашната атмосфера од отворањето.