Изгревајќи на Исток, интензивна сончева светлина се поврзува со Sacred Wood на KILIAN PARIS, иконски мирис создаден од основачот Kilian Hennessy и парфимерот Calice Becker пред скоро десет години.
Sacred Wood оддава почит на чистото сандалово дрво од Mysore, Индија, кое е толку ретко што сега е забрането во парфимериите, резервирано само за религиозните храмови. Кедровото дрво, кое доаѓа од заштитетните видови на планините Атлас во Мароко е споено со ноти на смола како течно злато. На исклучителните дрва како овие им е потребно време да се одгледуваат; мистериозни и осветени, тие отвораат ново повисоко ниво на задоволство со сетилото за мирис.
Дел од уметноста на мирисното семејство , Sacred Wood е портрет на сандалово дрво, особено во најпосакуваната сорта од Mysore со своите зачинети, дрвенести и млечни аспекти кои се едноставно неверојатни. Сега, Kilian Hennessy го ресоздава својот мирисен идеал. Sacred Wood се отвора со семе од амбрет апсолут и есенција од семе на морков за зачинети и земјени елементи, кои го откриваат повеќеслојниот акорд на сандалово и кедрово дрво и етерично масло од амирис од Доминиканската република. Балзамичното масло од копаиба додава топлина заедно со животинскиот аспект од праска.
Sacred Wood на KILIAN PARIS го означува своето враќање за есенската сезона.