OVC Kolektiv, активен музички бренд и организација посветена на современата електронска музика и уметност, на 1 ноември 2025 година ќе го претстави својот нов мултидисциплинарен проект со уметнички и јавен карактер — „Liminal“.
Настанот ќе се одржи во катната гаража „Кресненско Востание“ во Скопје, со почеток од 19:00 часот.
Со долгогодишно искуство во создавање и промовирање на современи културни настани, OVC Kolektiv ја продолжува својата мисија за развој и поддршка на електронската и визуелната уметност во регионот.
„Liminal“ претставува уникатен спој на мода, уметност и музика, со цел да се реактивираат урбаните јавни простори на Скопје и да се поттикне младинската креативна енергија. Настанот ќе ја обедини локалната и регионалната сцена, создавајќи искуство кое ги надминува границите меѓу сценските уметности и клубската култура.
Во рамки на програмата ќе бидат претставени:
- Модна ревија/перформанс на македонскиот бренд Perenial, во соработка со студенти од Катедрата за модерен балет и кореографија на Андријана Данчевска;
- Уметничка изложба на Klin.ka;
- Музички перформанс во живо на Дарко Спирковски;
- Како и DJ сетови од VG1RL, Petko.ov и Moraitov.
Со „Liminal“, OVC Kolektiv уште еднаш го позиционира Скопје како центар на современата урбана култура, создавајќи простор каде што младата креативна сцена може да се изрази, спои и инспирира.