Во македонскиот Културно-информативен центар во Тирана беше отворена изложба на графичкиот дизајнер Зоран Кардула.
Организаторите велат дека делата на еден од најреномираните македонски современи уметници кој веќе 20 години ја привлекува јавноста со својата естетика и актуелност добија нова потврда на својата вредност.
Оттаму посочија дека изложбата ќе биде отворена во следните неколку месеци.
Бројните гости од Тирана, од јавниот и од културниот живот, дипломати од повеќе земји, од Германија, Јапонија, Велика Британија, од Франција можеа да уживаат во делата на еден од најреномираните македонски современи уметници, графички дизајнер кој веќе 20 години ја привлекува јавноста со својата естетика и актуелност.
Изложбата содржи 13 дела, дигитални илустрации на темата која со години ја работи, односно портрети на жени и некој маж како што кажува и името на самата изложба – „The fеmales and few males“.
Специјалитетот, крушевски локум, и атмосферата со DJ Узун Баба беа дел од автентичноста на вечерта за што се погрижија директорот на македонскиот КИЦ, Златко Ориѓанским и уметникот Кардула.