Во скоп на фестивалот за феминистичка култура и акција „Прво па женско“, организацијата Тиииит! Инк. отвори повик за учество во диџејска работилница со наслов „Жени зад пултот“ за сите девојки, жени и не-бинарни луѓе кои имаат над 18 години кои имаат интерес да научат како да настапат со самостоен диџеј сет.
На оваа неформална школа, преку менторски процес од искусните диџеи Бојан Јанев a.k.a SoulCase и Дијана Димитриевска a.k.a DIAH учесничките ќе добијат увид во историја на диџејството, вовед во типови на опрема, поврзување и работа со грамофони и cdj-и, што да набавите, како да сортирате музика, како да миксате, да поставите диџеј сет и најважно – како да настапите со самостојно со сопствен диџеј сет.
Diah е алијас позади кој стои Дијана Димитриевска, диџејка која веќе десет години е дел од клубската сцена. Соул Кејс е алијасот на Бојан Јанев, диџеј, дигер и промотер од Скопје кој стои позади проектите “Oubli” и “Amok Radio” е веќе повеќе од стандарден во регионов, држејќи резиденции во сите позначајни клубови во Скопје.
Работилницата почнува на 11 септември и трае еден месец (до 9 октомври). Повикот е отворен за девојки, жени и не-бинарни луѓе над 18 години. Местото за одржување на предавањата ќе биде соопштено со финално избраните кандидатки. Бројот на учеснички е ограничен на 10 учеснички.
Целосниот повик и агендата можете да ја погледнете на официјалниот сајт на организацијата Тиииит! Инк (www.tiiiitinc.com). Пријавувањето е преку следниот линк и трае до 3 септември!