Во динамично секојдневие исполнето со обврски, движење и постојан ритам, навиките што ги создаваме за себе стануваат важен дел од начинот на кој функционираме и се чувствуваме. Токму затоа, преку новиот серијал „Се хидрираме со Rosa“, отвораме разговори со спортисти кои, покрај професионалниот ангажман, носат и свои лични рутини, интереси и животен баланс надвор од спортските терени.
Низ опуштени и искрени разговори, серијалот допира теми поврзани со секојдневието, навиките, мотивацијата, малите ритуали, приватниот живот и моментите што ги прават овие спортисти блиски до публиката и надвор од нивните спортски успеси. Како нискоминерална вода, Rosa е природен избор за секојдневна хидратација и дел од балансот во активниот животен стил.
Нашата нова гостинка е Милјана Релиќ, македонска таеквондистка и олимпијка, препознатлива по својата дисциплина, смиреност и истрајност со која години наназад ја претставува Македонија на големите спортски сцени.
Со Миљана разговараме за животот надвор од тренинзите и натпреварите, за секојдневните навики, омилените ритуали, мотивацијата, балансот помеѓу приватниот и професионалниот живот, но и за забавните моменти што ретко имаме можност да ги слушнеме од спортистите.
Погледнете ја новата епизода од „Се хидрираме со Rosa“ во продолжение.
