„Афродита“ е водечки бренд за природна козметика, која потекнува од Рогашка Слатина Словенија и повеќе од 50 години пласира високо квалитетни козметички производи за нега на лице и тело во многу земји ширум Европа и светот. Брендот е синоним за квалитетна козметика и постојано работи на усовршување на своите производи на иновативен и еколошки начин.
Неодамна на пазарот ја промовираше својата линија Hyaluron mineral, која е вистински лидер кога станува збор за длабинска хидратација.
Afrodita Hyaluron Mineral крема
Во оваа крема веднаш се забележува хидратантната сила на хијалуронот и иззворската свежина на природната, изворска вода. Оваа крема интензивно и длабински ја хидрира кожата и сoздава услови за развој на здрави, нови ќелии. Има продолжително хидратантно дејство и богата е со додадено, ладно цедено масло од јојоба, кое на кожата и ги дава потребните хранливи материи и ја негува заштитната обвивка. Оваа крема содржи 96% состојки од природно потекло и е идеален избор за сува кожа над 25 година.
Afrodita Hyaluron Mineral интензивен хидратантен гел
Овој гел е богат со патентирана хијалуронска киселина, поради која може да продира во најдлабоките слоеви на кожата. Интензивно ја навлажнува кожата и со редовно користење се добива блескав изглед. Богат е со природно минерална вода, која содржи важни минерали и микроелементи како: магнезиум, калциум, натриум и калиум. Во својот состав има и ниацинамид, состојка за која е докажано дека ги смалува акните и го регулира прекумерното лачење на себум.
Afrodita Hyaluron Mineral навлажнителен концентрат
Овој концентрат има лесна формула, која продира во дермисот и епидермисот и има огромна навлажнителна моќ. Содржи патентирана хијалуронска киселина, витамини А, Б1, Ц , биотин и целосно ја смирува кожата. Овој концентрат го успорува стареењето и со својот квалитетен состав (91% природни состојки ) на кожата и ја нуди најдобрата нега и заштита.
Afrodita Hyaluron Mineral крема за околу очи
Оваа крема е идеална за чувствителната кожа околу очите, бидејќи ја негува и влажни, што е многу важно за заштита од брчки. Таа ги смалува подочниците и темните кругови околу очите. Оваа крема делува дренажно, ја поттикнува микроциркулацијата околу очите, и ја намалува надуеноста на очните капаци.