Новиот бренд Not Col за машка и женска облека од креаторката Магдалена Таневска е визија за единствено и уникатно парче облека, изработено од материјали, парчиња и остатоци кои не завршуваат во отпад. Магдалена Таневска веќе осум години е активна на креаторската модна сцена со изработка на облека на одржлив начин како и експериментирање и придонес во самото општество преку поодржлив начин на живеење и работење. Нејзиното претходно искуство е преку брендот Magda Station.
„Под брендот Not Col мојата визија е да се овозможи и постави патоказ за поодржлив начин на конзумирање на модата, за што почиста и долготрајна средина на живеење за нашите поколенија. Not Col не е обичен моден бренд, Not Col е движење“ вели Таневска.
Во продолжение погледнете дел од атмосферата на промоцијата на брендот