Вегетаријански строганоф со печурки
за 4 порции
250 г полнозрнеста паста
3 лажици екстра девствено маслиново масло
2/3 шолја исечкан кромид
3 чешниња лук ситно исечкани
500 г исечкани печурки
2 лажици брашно
1 шолја суво бело вино
1 1/2 шолја зеленчуков бујон
1 лажица дижон сенф
1/2 шолја кисела павлака
1/4 кафена лажичка сол
1/4 кафена лажичка бибер
Пастата се готви според упатството. Во меѓувреме, на средно-висока температура се загрева маслото во големо тавче. Се додава кромидот и се готви околу две минути додека не омекне. Потоа се додаваат лукот и печурките и се готви со мешање додека печурките не почнат да испуштаат вода, пет до седум минути. Се додава брашното и се меша, па се додава виното, зеленчуковиот бујон и сенфот и повторно убаво се меша. Се намалува температурата и се остава убаво да се згусне сосот со постојано мешање, три до пет минути. Се трга тавчето од шпоретот и се додава киселата павлака, сол и бибер. Пастата се цеди, се додава во тавчето и убаво се меша се заедно. На крајот се додава магдонос одозгора.
Нутритивни вредности во една порција:
430 калории, 18 г масти, 9 г растителни влакна, 55 г јаглехидрати, 12 г протеини, 5 г природни шеќери, 5 милиграми витамин Ц.
Ролат со банана и тиква
за 12 парчиња
Состојки:
1/2 шолја полнозрнесто брашно
1 кафена лажичка цимет
1 кафена лажичка прашок за печиво
1/2 кафена лажичка сода бикарбона
1 шолја пире од тиква
1 средно зрела банана
2/3 шолја кафеав шеќер
1/4 шолја растопен путер
1/4 шолја природен сок од портокал
2 изматени јајца
1 кафена лажичка ванила екстракт
1/4 кафена лажичка сол
Рерната се загрева на 180 Целзиусови степени, а калапот за печење на ролат се мачка со масло. Брашното, циметот, прашокот за печиво, содата и солта се мешаат заедно. Во друг сад се мешаат пирето од тиква, пасираната банана, кафеавиот шеќер, путерот, сокот од портокал, јајцата и ванилата. Потоа сувите состојки се додаваат во садот со другите продукти и се меша додека не се изедначат. Добиеното тесто се префрла во садот за печење и се пече од 45 до 55 минути. Се вади од рерна и се остава да се излади десетина минути во самиот сад, а пред послужување треба да се излади дваесетина минути и надвор од садот.
Нутритивни вредности во едно парче:
155 калории, 5 г масти, 1 г растителни влакна, 26 г јаглехидрати, 3 г протеини, 41 милиграм холестерол.