Детството на еден „цртач“
Цртам од кога знам за себе, како дете најчесто на маргините од книгите, па подоцна на регистри од битолскијот монопол (едната страна беше со некоја табела, другата клот чиста – колку што се сеќавам). Моите сестри ме потикнуваја – знам дека читаја и тие стрипој, па изгледа покрај ниф ме префати. Прв цртеж не ми текнува кој ми е пошто сум прастар, ама гарант беше или нешто од стрип или партизан некој…пошто СФРЈ. ☺Ко мал цртав на сè шо ќе најдев, бело – маргина, лист, регистар, тетратка, па ко потпораснав почнав да се мафтам со хамери, па мери – па сечи – па пресечи… За некое време ми се збоктиса и то, па се префрлив на дигитални таблети во зачетокот на истите кај нас, и вуал, по неколку илјади заштедени дрва подоцна сè уште работам дигитално. ☺ Инаку, користам „ваком синтик wx12“ и „синтик компенијон“ од таблети и „фотошоп 7“ (старијо) од софтвер. Ко шо реков стар сум. И ме мрзи да менвам програми.
CV
Вака сеа ко ке давам интервјуа ми текнува еден куп работи на кои сум работел и на еден куп луге со кои сум соработвал. Од стрипови за студентски збор, учебници за просветно дело, дизајни и концепти за „Идеа плус“ и за уше еден куп адвертајзинг агенции, „Еднооки“, „Петко“, „Чунга лунга“, па малку така излегувањето на светски пазар, па арт директорување на првијот македонски долгометражен цртан филм „Џон Вардар против галаксијата“, до последниов проект девојчето Биби кое треба да нè научи да зборуваме правилно. ☺ Инаку, тоа светската кариера ако можи така да се наречи ја започнав пред десетина години, кога прво работев сториборди за балканскиве адвертајзинг агенции (уште работам), па до случајното влегување во светот на друштвените игри, каде што не знам зошто лугето ми ги засакај цртежите и еве неколку години подоцна сè уште го работам тоа. Неколку од тие игри се „Valeria“, „Shipwrights of north sea“, „Game of Thrones“, македонските „Rise to Nobility“, „Cavern Tavern“, „Robin Hood“, „Galactic Warlords“ и уште еден куп други. Работата на овие проекти ми донесе пријателства и тука и во целиот свет посебно со луѓе кои ми биле и сè уште ми се идоли и можам да констатирам дека за чоек шо е скоро цел ден в студијо седнат, тоа и не е толку лошо. Да не ја тупам, работам и живеам од единствената работа што некогаш сум ја сакал цртањето, и пресреќен сум со тоа. Кога некој ќе ги праша моите деца што работи татко им тие одговараат, црта чудовишта,шо е доста типски… барем за мене.
Локална сцена
Состојбата на македонската стрип сцена е иста ко сите состојби во државата кај нас. Многу таленти. Поздрав за сите шо цртат, цртале и ќе цртат пошто знам како е да сакаш нешто и да се мачиш да го работиш, а условите да не се баш најдобри. Ама работиме на случајот. Стрипот, цртаните и игрите се хоби, забава за сречни и задоволни луѓе. Се надевам во иднина ќе се прошират кај нас. Има луѓе кои читат и берат стрипој и играт игри, ама јас би сакал сите да го прават тоа. Како шо пишав погоре – стрипот-анимацијата-игрите – се за среќни луге. Да се олабаат, да се расположат, да уживат, да забораат за момент на евентуални физички пресметки со комшите. Од уметнички изрази и слично не се разбирам многу, единствено сакам луѓето да уживат и да се дружат преку мојте цртежи, колку шо можам да поможам. ☺