Жените кои возеле велосипед во доцната викторијанска ера биле исмејувани и навредувани, а токму тие биле зачетокот на „новите жени“, силни и независни кои носеле посебни костими како блумери, пократки фустани и полесни корсети, за да можат да возат велосипед и да се движат независно од нивните мажи кога сакаат и каде сакаат. Тие станале симбол на родовата рамноправност и ја редефинирале женственоста.
Велосипедите биле доста популарни во доцната викторијанска ера, бидејќи имале нов дизајн, биле посигурни, поудобни и достапни. Тоа што е особено интересно за 1890-тите е важниот ефект што велосипедот го имал врз ослободувањето на жените. Возењето велосипед пружало нова слобода за жените кои дотогаш биле главно ограничени на движење во домот.
Различните модели на велосипеди биле измислени во текот на 19 век, но повеќето од нив биле опасни за возење и се сметале повеќе за новитет, отколку за превозно средство. Ги возеле само богати млади момчиња и се сметало дека велосипедите со високи гуми од раниот 19 век се неприкладни за дамите.
1880-тите го донеле посигурниот велосипед кој користел ланци како модерните велосипеди и овомзожил седиштето да биде пониско за полесно застанување. Оваа и следната деценија масовно се произведувале велосипеди, а тоа придонело за пониска цена и голема популарност.
Но, новиот сигурносен велосипед им донел на жените невидена независнот и слобода. Жените, кои практично биле затворени во своите домови, сега можеле да се движат каде сакаат и кога сакаат, а да не мораат да зависат од мажите.
Уште од 1950 жените како суфражетката Амелија Блумер се обидувале да промовираат реформа на облекувањето, но не можеле да се спротивстават на модата. Но, кога велосипедите станале толку популарни жените се свртиле кон попрактични фустани. Корсетите и тешките, слоевити здолништа кои биле неопходна мода во тоа време биле невозможни за возење на велосипед. Жените конечно почнале да носат блумери, кратки фустани и поопуштени корсети.
„Новата“ жена и нејзиниот велосипед во 1880-тите и 1890-тите станале вообичаена тема на сатиристите и карикатуристите. Критичарите сметале дека ја растураат заедницата и своето домаќинство, напуштајќи ги сопрузите и децата. Постојано се сугерирало дека жените кои носеле блумери и возеле велосипед се само сексуални работнички или лезбејки. Лекарите, дури и ги предупредувале жените дека велосипедот е штетен за нивното здравје, дека се премногу нежни и чувствителни за напорот потребен за возење велосипед и дека честото возење велосипед може да ги оштети внатрешните органи и да доведе до неплодност или смрт. Припадниците на свештенството проповедале против жените кои возеле велосипед, а често жените на велосипед биле опишувани како „одвратни“.
Сепак, тоа не ги спречило жените да истраат во својата слобода и независнот, со што придонеле до поголема родова рамноправност, ја смениле дотогашната норма на облекување и станале феномен на 19 век, а популарноста на велосипедот продолжила сè до почетокот на 20 век кога се популаризирале автомобилите.
Извор: nationalgeographic.rs