Откако се појави во 2015 година, машкиот мирис Sauvage наиде на извонреден успех. Неговиот виор на свежина го освои целиот свет и се чини како ништо да не може да го спречи. Тоа е приказна за феноменот Dior кој во 2021 година стана најпродаваниот парфем во светот, помеѓу машките и женски парфеми заедно.
Сосема невидено досега во историјата на парфемите, прво место за машки мирис. Неговата врвна позиција доаѓа од фактот дека во 2021 година се продавало по едно шише на секои три секунди. Омилениот Sauvage многу брзо ја заведе јавноста низ целиот свет. До 2017 година, тој беше лидер на пазарот во Англија и Италија во комбиниција од машки и женски мириси. Минатата година, исто така, го постигна подвигот да се најде на завидната позиција на најпродаваниот парфем во Соединетите Американски Држави, и истовремено се искачи на првото место во продажба за машкиот пазар во Франција.
Овие спектакуларни информации симболизираат неверојатна приказна, каква што само Куќата на Dior знае да создаде. Авантурата започна во 2015 година, со извонредната композиција на Франсоа Демаши, тогашен парфимер-креатор на Dior, кој одбра да игра со живи и дарежливи ноти на бергамот reggio и амбер wood. Интензивниот и силно мажествен мирис е богато фасетиран и украсен со исклучителни суровини што ги изненади и ги освои носителите.
Парфемскиот феномен, Sauvage прерасна во вистински универзум кој содржи тоалетна вода, парфемска вода и парфем, како и, неодамна, Еликсир, кој ги поместува границите со невидена концентрација на мирис. Во 2021 година, Sauvage, исто така, го отвори патот за новата генерација на мириси на Dior следејќи ја одржливоста, со тоа што го направи 100% дополнувачки. Авантурата продолжува…