Иако веќе по втор пат престојува во Милано интернационалниот модел Горјана Кулишевска – Џоја неодамна го изработи модното портфолио со фотографии (look book) за престижниот дизајнер Alexander McQueen. Фотографирањето се случи во главните простории на дизајнерот, а беше наменето за групацијата Net a Porter.
Неодамна нашиот модел потпиша договор со една од најдобрите модни агенции NEXT MODELS и очекувано следеше добар ангажман. Кулишевска е долги години на модната сцена но сепак победата на „Лице на Годината“ за 2017 година ѝ ги отвори вратите на светскиот моделинг.
Покрај Моделс ИН Менаџмент кариерата на нашата Џоја и ја води познатата менаџерка Јелена Ивановиќ од Белград која успешно ја пласираше во Милано и Париз. Елегантна, софистицирана и професионална, Кулишевска е синоним за врвен модел која секогаш успева посветено да работи како интернационален модел и воедно одличен студент по молекуларна биологија. Од септември почнува новата сезона за Џоја и веруваме следува некоја докажана модна дестинација.