Поради цикличната природа на модата, гледаме трендови што доаѓаат и си одат. Y2K се однесува на 2000 година т.е.на модата која дава носталгична нота од поп-културата од доцните деведесетти до раните двеилјадити и моден момент што доживеа свое делумно враќање. Светли палети на бои, чокери, фармерки со низок струк, кратки сукњи, мрежести маици и маици во повеќе слоеви, беретки, кожени јакни, плишени тренерки, металик бои, многу светки итн. Модата од годините на преминот на новиот милениум не беше екстравагантна, но со три збора беше: забавна, енергична и за тоа време, футуристичка.
За оние, доволно возрасни за да се сеќаваат на Y2K модата и веројатно горди сопственици на уште некое парче облека од минатиот милениум, но и за поновите генерации, современици на нејзиното враќање на сецената, ви издвојуваме неколку највпечатливи стајлинзи од Y2K ерата од македонската естрада.